Free songs
Home / Болести и лечење / Ракот на дебелото црево се позачестен и кај луѓе помлади од 50 години

Ракот на дебелото црево се позачестен и кај луѓе помлади од 50 години

Бројот на луѓе помлади од 50 години кои заболуваат од рак на дебело црево во последните 10 години е зголемен над 11 отсто.

debelocrevo-3f7fdc34– Нашите истражувања покажаа дека здравствените работници мора да се фокусираат повеќе на откривањето на рани симптоми кај младите пациенти, со што би се намалила стапката на смртност. Навистина не ни е јасно зошто ракот на дебелото црево стана позачестен кај помладите пациенти. Можеме само да претпоставиме дека тоа е поради воспалителни болести на цревата, дебелината или промена во начинот на исхраната, иако немаме точни докази за тоа – рекол директорот на Одделот за истражување на њујоршката болница „Маунт Синај Вест“, д-р Ели Сатон.

За потребите на истражувањата научниците користеле податоци од околу милион луѓе заболени од рак на дебело црево во период од 2004 до 2013 година.

Во својата најрана фаза (фаза 0), ракот на дебелото црево е ограничен само на внатрешната обвивка. Ракот на дебелото црево може да се развива и да се прошири на околните структури. Во напредната фази на ракот на дебелото црево (стадиум IV) укажува како се проширил на другите делови од телото, како што се црниот дроб или белите дробови.

Ракот на дебелото црево е една од најчестите болести кај двата пола. Хируршкиот зафат е основен облик на лекување, а прогнозата зависи од стадиумот на болеста во моментот на поставување на дијагнозата.

Карциномот на дебелото црево може да почне во неговиот почетен дел каде продолжува кон тенкото црево, во главниот дел на дебелото црево или во неговиот долен дел – ректумот. Болеста главно почнува постапно и во многу случаи клинички се манифестира со знаци на нарушување на цревните функции – запек, дијареа, промена на дебелината на столицата, крв или гној во столицата и општа слабост, губење на телесната тежина и слабокрвност.

Лекарот го внесува колоноскопот во ректумот за да ги провери абнормалностите во целото дебело црево.

Со напредувањето, оваа болест освен цревните места ги зафаќа и околните лимфни жлезди, а подоцна се шири и на други подрачја како што е црниот дроб, белите дробови и коските. Тогаш можат да се јават пречки кои се одраз на зафатеноста на тие органи – болки и кршење на коските, жолтица, кашлица…

Ракот на дебелото црево е втор најчест облик на карцином кај мажите, по ракот на белите дробови и кај жените, по ракот на дојката.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top