Free songs
Home / природен лек / Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања

Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања

Во Египет е познато како „растение на бесмртноста“, а древните Индијанци го нарекувале „рајско стапче“. Ниту еден од овие називи не е залуден, бидејќи алое верата има многубројни здравствени придобивки од кои некои ни се веќе добро познати. Таков е случајот со облогите од листовите алое вера кои се одлични за изгореници и исеченици, но дали сте знаеле дека ова растение не е ограничено само на надворешна употреба?

Aloe-Vera_thumb_medium500_219Алое Вера: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања

Имено, алое верата содржи преку 200 биолошки активни компоненти меѓу кои се вбројуваат полисахаридите, витамините, аминокиселините и минералите кои ја унапредуваат апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, тоа содржи и антимикробни и антифунгални својства, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го чисти организмот од токсини. Меѓу минералите кои се наоѓаат во оваа билка се и калциумот, магнезиумот, цинкот, калајот, хромот, селенот, натриумот, железото, бакарот и манганот. Овие минерали го подобруваат метаболизмот и помагаат при варењето на храната, па алое верата често се користи и како растение кое е редовно присутно во диетите и оброците на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

Покрај набројаните елементи, алое верата ги содржи и ензимите амилаза и липаза кои помагаат во разградувањето на шеќерот и мастите. Ова растение е едно од ретките кои го содржат витаминот Б12 кој, пак, е неопходен за производство на црвените крвни зрнца, што е и одлична вест за сите вегетаријанци. Покрај Б12, ги содржи и витамините А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3 и Б6.

Алое верата во својот хемиски состав ги вклучува сите есенцијални аминокиселини, но и салицилната киселина која се бори против бактериите и воспаленијата. Во некои од истражувањата се покажало дека растението е и одлично за отстранување на наслагите од забите и непцата и помага во лекувањето на афтите и раните во усната празнина. Може да се консумира како сок или да се нанесува во вид на гел, а доколку се одлучите да го пиете тогаш најдобро е да го комбинирате со некој друг пијалак бидејќи има горчлив вкус. Сокот од алое вера можете да го набавите во која било продавница за здрава храна. Поради сите материи кои ги содржи, научниците заклучиле дека алое верата значително помага во лекувањето и олеснувањето на симптомите на повеќе од 50 болести.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top