Free songs
Home / нови лекови / Првиот пациент со вештачко срце се чувствува добро

Првиот пациент со вештачко срце се чувствува добро

Првиот пациент со вештачко срце „Цармат“, еден 75-годишен Французин, се чувствува „добро колку што тоа е можно“, вели професорот Даниел Диво, кој заедно со професорот Кристиан Латремуј ја извршија операцијата на 18 декември.

vestacko-srce1Според пишувањето на весникот „Журнал ди диманш“, што го пренесува дописникот на МИА од Париз, пациентот се уште се наоѓа на интензивна нега.

За професорот Диво, пациентот се покажува „борбен и динамичен и има доверба“, сакајќи да го искористи животот. Тој е нестрплив и чека да излезе од интензивна нега, од болничката соба и несигурноста. При посетата на неговата сопруга и ќерка, тој ги испраќа со насмевка велејќи им дека повторно ќе ги дочека следниот ден.

Всадувањето на првото целосно автономно вештачко срце компанијата „Цармат“ го обелодени на 20 декември, најавувајќи дека се очекуваат уште неколку вакви операции во светот.

Во моментов се прави изборот на пациенти и според доктор Филип Пулети, еден од основачите на „Цармат“, во наредните недели ќе бидат извршени другите операции.

Срцето „Цармат“ е наменето за болните во завршна кардиолошка асистенција. Во светот се всадуваат вештачки срца од пред десетина години, но се досега се работеше за машини кои се поставуваа во очекување на трансплантација на човечко срце. Срцето кое го изработи француската екипа е целосно автономно. Тоа наликува на нормално човечко срце, со таа разлика што е направен од пластика тврда како метал, со две комори и чука со помош на моторни пумпи, имитирајќи вистинско срце.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top