Free songs
Home / аларм / Прва помош ако ве касне Стршлен – како да си помогнете себе и на другите

Прва помош ако ве касне Стршлен – како да си помогнете себе и на другите

Алергиите од убод од инсекти може да бидат драматични, а доколку не се реагира на време, може и да  станат фатални.
Реакцијата на овие убоди е индивидуална од полесни кожени дo животно-опасни алергиски одговори, велат лекарите.
strslen1Постои цела палета на кожни реакции како црвенило на кожа, болка, чешање на местото на убодот. Ставете ладна облога која ќе го спречи отокот и која ќе делува како локален анестетик.. Убодот може да предизвика и гушење, а до тоа доаѓа ако инсектот убоде растресито ткиво како што се усните, јазикот и очниот капак. Во тој случај потребна е итна лекарска интервенција, без да се паничи, бидејќи гушењето не настанува моментално.
Местото посипете го со антисептик и оставете го да се исуши. Ако почувствувате недостаток на воздух, гушење или вртоглавица, неодложно побарајте лекарска помош.
Доколку се сомневате дека сте алергични на убод на некој инсект, најдобро е да направите алерготест. Најточна и најбезопасна дијагностичка метода е со земање крв и мерење на вкупната количина на антитела кои делуваат на отровите на инсектите.
Симптоми на алергијата (анафилактички шок) се силни болки на местото на бодежот, потење, премаленост, главоболка, мачнина, отежнато дишење, дезориентираност, сушење на грлото, пад на крвниот притисок и губење на свеста.Од пресудна важност е лицата со алергии со себе да носат инјекција епипен (адреналин), со цел сами да можат да си пружат прва помош,по што треба веднаш да се упатат до најблиската болница.

Според лекарите, најопасни се убодите во пределот на вратот и главата, посебно на лицето и околу устата, бидејќи овие делови изобилуваат со крвни садови, па така отровот од осилото брзо стига до крвотокот.

Експертите велат дека и на лицата кои немаат алергии треба да им се укаже помош, а тоа би можело да се направи со ставање на мраз на местото на бодежот, земање таблета од некои антихистамин, а местото да се намачка со кортикостероидна или антихистаминска маст или крема и да се јават на лекар кој ќе процени дали терапијата треба да се продолжи.
Народни лекови и совети 
Да го извадите осилото ако останало, и да го триете местото со патлиџан или малку алкохол, ако за најдоцна за 15 минути почуствувате потешкотии како вртоглавица или проблеми со дишењето веднаш упатете се на лекар.

-Ќе си помогнете лесно ако имате андол или аспирин таблети;

-Едноставно, навлажнете ја таблетата и поставете ја на местото на убодот;

На тој начин ќе го спречите отокот, а ќе изостане и  болката.

Убодот многу брзо ќе стане минато, а белегот ќе остане е неприметлив.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top