Анемијата е заболување кое е предизвикано од намален број на црвени крвни зрнца, намалено ниво на хемогоблин и/или намалени еритроцити во крвта, поради што во срцето, мускулите, мозокот и друтие делови од телото не пристигнува доволно кислород.
Анемијата може да биде предизвикана од обилно крварење, недостаток на фолна киселина или витамин б12, пореметување во созревањето на еритроцитите, како и појачано или забрзано разградување на црвените крвни зрнца. Сепак, најчест причинител на слабокрвноста е недостаток на железо, пренесува Попара.мк.
Ова заболување понекогаш се развива и покрај правилната исхрана бидејќи телото е подложно на некоја друга болест или примена на некои лекови и не може да апсорбира доволна количина железо.
Голем број на трудници патат од анемија бидејќи го занемаруваат фактот дека на нивното тело во овој период им е потребно поголема количина од овој минерал.
За слабокрвноста карактеристични се честите главоболки, повремено гушење проследено со недостаток на воздух, губење на концентрација, умор и срцева аритмија. Лицето и слузокожата стануваат бели, ноктите крути, а се јавува и осетливост на инфекции.
Бебињата и малите деца со анемија губат апетит, не можат долго да одржуваат внимание, подоцна проодуваат или прозборуваат и заостануваат во развојот. Многу е важно да се обратите на лекар веднаш кога ќе се посомневате во анемија, а терапијата ја препишува исклучиво специјалист, бидејќи неконтролиран внес на железо може да предизвика оштетување на јетрата.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes
moze da pokaze i nagliot pad na krvniot pritisok deka nekoe lice e anemichno.