Free songs
Home / нови лекови / Пронајден лек за леукемијa

Пронајден лек за леукемијa

Досега леукемијата се сметаше за речиси неизлечлива болест од која секоја година се заболува 1.4 % од светската популација, но најновиот третман против леукемија користи делови од имунолошкиот систем на пациентот за брзо да ја преброди оваа болест и тоа со успех од 88%.

leukemija1-630x487Научниот журнал Science Magazine во декември 2013 година го прогласи третманот наречен „жив лек“ за најзначаен пресврт на полето на канцерогената имунотерапија, и со оглед на резултатите во борбата против леукемија, сметаме дека ваквиот назив е во потполност оправдан.

Самата научна студија на тимот од Њујорк е објавена во дневникот Science Translation Medicine, и покажала дека од 16 заболени од лимфобластична леукемија, успеале во потполност да излечат 14 пациенти.

Првиот пациент кого успешно го излечиле со „жив лек“ веќе преку две години нема ни трага од леукемија и сосема нормално живее и работи. Водач на студијата е д-р Рениер Брентјенс од одделот за клеточна терапија на болницата Memorial Sloan Kettering Centre од Њујорк смета дека ова е само почетокот на успешно лечење на леукемијата.

Процесот на лечење започнува со издвојување на Т лимфоцитите на пациентот од коскената срж. Овие клетки играат важна улога во работата на имунолошкиот систем, а после изолацијата на Т лимфоцитите, лекарите генетички ги менуваат за да се фокусираат на борбата со ракот на крвта, односно леукемијата. Потоа пациентите добиваат доза од сопствениот жив лек се’ додека леукемијата сосема не исчезне од телото.

leukemija3-630x392Т-лимфоцитите се менуваат со гените кои им помагаат да го препознаат исклучиво протеинот кој се наоѓа во клетките заразени со леукемија, а кој стручно се нарекува CD19. На тој начин лимфоцитите би продолжиле да го прават она што секогаш го прават во телото – би се бореле со евентуалните упади на телото на заболениот, но би дозволувале канцерогените клетки и понатаму да растат и да се множат, бидејќи не би ги препознавале како закана од која телото изумира.

Овој третман во научните кругови го нарекуваат „Tumor-targeted chimeric antigen receptor-modified T-cell“, а на тимот од Њујорк му биле потребни цели 15 години за да ја усовршат техниката и да се осигураат дека таа успешно делува на луѓето.

Еден од пациентите кои биле дел од експерименталното проучување на оваа терапија бил на самата граница на смртта кога добил генерички модифицирани Т лимфоцити. Неговата состојба била особено влошена со класична хемотерапија која не само што не делува, туку е толку опасна што повеќето лекари не сакаат да ја применат на себе.

Во САД секоја година умираат повеќе од 1400 лица од последиците на леукемија. Од друга страна, леукемијата се чини како едно од најлесно третираните канцеогени заболувања, но кај повеќето пациенти таа се враќа во рок од неколку години и станува отпорна на лекови, вклучувајќи ја и веќе споменатата контроверзна хемотерапија.

Засега околу 60 лица се во додатна експериментална фаза на лечење, а финалните резултати на „живиот лек“ ќе бидат наскоро објавени.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top