Free songs
Home / природен лек / Продолжете го животот за 10 години, рецептот е едноставен

Продолжете го животот за 10 години, рецептот е едноставен

Заборавете на егзотичните пилули, тајните напитоци, скапите и ретки билки, хемиските производи и сè останато што ви паѓа на ум. Еликсирот на младоста е речиси и бесплатен!

Со милениуми човештвото трагаше по тајните на долгиот и здрав живот, и тие милениуми очигледно се трагало на потполно погрешни места.

VODAСпоред најновите истражувања, научниците веруваат дека тешката вода (односно деутериум оксид D2O или 2H2O, обичната вода која е збогатена со дополнителен молекул на водород) е клучот за долгиот живот и дека таа може да ви додаде дури и до десет години живот, кои инаку не би ги преживеале. Всушност, ако ја модифицираме нашата исхрана, ги отфрлиме бифтекот и јајцата, користејќи го водородот би можеле да си овозможиме долговечност.

Тоа би можело да се постигне кога животните би се поеле со таа вода, а билките би се полевале исто така со неа. Оваа идеја, која ја развил поранешниот оксфордски студент Михаил Шепинов, наишла на добар прием и во научната заедница и организациите кои се борат за продолжување на животниот век на човечкиот вид, иако и во овој случај постојат скептици.

Меѓутоа, бидејќи тешката вода не е форма на оваа течност која би можеле туку така да ја најдете било каде, засега ќе мора да се задоволите со обичната вода која е исто толку здрава и го продолжува животот.

Резултатите од последните истражувања во оваа област укажуваат на фактот дека ако пиете помалку од еден литар вода дневно, и тоа подолг временски период, ќе чувстувате општа слабост, сувост на кожата и слузокожата, послаба концентрација, главоболки, недостаток на енергија, послаб обем на крвната плазма, вртоглавици…

Ако внесувате барем два литра вода дневно, го намалувате ризикот за настанување на камен во бубрегот за 50 отсто, ќе го одржите нивото на хидратација кое на вашиот организам му е неопходно, ќе се чувствувате поубаво, посвежо, поенергично, поздраво, но и ќе живеете подолго. Добро е исто така водата да ја пиете со мали голтки, во текот на целиот ден, ако сте во можност, бидејќи кога пиете цела чаша вода одеднаш таа само минува низ организмот.

Не заборавајте, секоја изгубена течност од телото мора да ја надокнадите за да функционирате нормално. И подобро да ја внесете во малку поголеми количества, отколку што ви треба, бидејќи организмот е способен самиот сето тоа да го регулира.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top