Free songs
Home / природен лек / Природно решение за поголема плодност

Природно решение за поголема плодност

Доматот може да ги зголеми шанските за мажите при зачнување на дете, бидејќи го забрзува „пливањето“ на сперматозоидите, а може да го зголеми нивниот број и до 70 проценти, открива ново истражување.

bremena4Клучната состојка која што на доматот му дава црвена боја воедно би можела да биде клуч за машката плодност, тврдат научниците од американскиот Центар за репродуктивна медицина во Кливленд. Тие анализирале 12 претходни студии за неплодност како и влијанието на ликопенот од доматот на квалитетот на спермата.

Ако редовно јадете домат, го подобрувате квалитетот на спермата и го забрзувате движењето на сперматозоидите. Во некои случаи оштетувањето на спермата, ликопенот може да го подобри и да го зголеми бројот на сперматозоиди за 10 проценти, истакнуваат научниците.

– Влијанието на ликопенот на машката плодност е неверојатен, но потребни се уште истражувања за да се открие дали може со него да се унапреди третманот за неплодност, вели лидерот на истражувањето Ашок Агарвал.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top