Free songs
Home / Болести и лечење / Причини кои водат кон вртоглавица

Причини кои водат кон вртоглавица

Вртоглавицата е синдром, кој се манифестира дури кај млади и здрави луѓе. Без оглед на возраста постојат неколку најчести причини за појавата на вртоглавица:

vrtoglavica1. Низок крвен притисок

Тој е меѓу најчестите причини за вртоглавица. Драстичното намалување на притисокот води до затемнување пред очите. Иако кај различни луѓе поимот низок крвен притисок се поврзува со различни нешта, општо е правилото дека при вртоглавица човекот треба да легне во хоризонтална положба и да пие многу  течности.

2. Вртоглавица за време на патување:

Несвестицата за време на патување, што некои ја нарекуваат автомобилска болест, е карактеристична најмногу за раната возраст, но кај многумина се задржува и со напредувањето на годините.  Најдобро е да се прават паузи, за време на кои што ќе се облее лицето со ладна вода. При ваква состојба е препорачливо возењето на предното седиште.

3. Силно рестриктивни диети

Диетите се една од најпознатите продорни причини за вртоглавица. Ограниченото внесување  на калории и хранливи материи го намалува нивото на шеќерот во крвта, што доведува до несвестица, вртоглавица, тресење. За да се ослободите од несаканите ефекти, најдобро е да испиете засладен пијалок – пример чај со мед.

4. Заморот исто така може да доведе до вртоглавица.

Карактеристично кај ова  е дека вртоглавица се појавува следниот ден – по бучниот ден, напнатата работа или проблемите.

Sitel

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top