Free songs
Home / аларм / Поради нечист воздух дома, може да се умре

Поради нечист воздух дома, може да се умре

Нечистиот воздух дома го разболува секој трет човек, велат експертите. Секој трет човек во светот е веројатно да добие здравствени проблеми, па и да умре предвреме поради загадувањето на воздухот во станбените простории, покажува истражувањето објавено во средата во британското медицинско списание The Lancet Respiratory Medicine.

zagadjen-vazduh-maskaНаучниците во истражувањето се фокусирале на овој вид загадување, кој се добива со резултат главно на активности како готвење, употребата на загадувачки извори за греење во воздухот и осветлувањето при примитивни услови.

Домашното загадување е причина за 4,3 милиони смртни случаи во 2012 година, наспроти 3,7 милиони предизвикани од загадување на воздухот на отворено, според пресметките на Светската здравствена организација (СЗО).

Тоа се заканува на здравјето на околу 2,8 милијарди луѓе ширум светот, а бројот останува стабилен во последните години и покрај зголемувањето на населението на светот, утврдиле истражувачите.

Меѓу оние кои се загрозени, се 600-800 милиони семејства, главно во Азија и Африка, кои користат цврсти горива како дрво или јаглен за готвење или греење.

Жените и децата се особено подложни на токсичните ефекти на загадувањето на воздухот и се изложени на опасноста во највисок степен, велат истражувачите.

Меѓу болестите се наведуваат респираторните инфекции, хроничниот бронхитис, астмата, ракот на белите дробови, ракот на носот или грлото.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top