Home / Болести и лечење / Ракот на панкреас зема се поголем замав

Ракот на панкреас зема се поголем замав

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, кој е абдоменален хирург, рече дека ракот на панкреас зема се поголем замав и се претпоставува дека за период од пет години болеста ќе биде втора причина за смртност од сите малигни болести.

pankreasСпоред податоците од 2014 година, смртни случаи од рак на панкреас годишно во Република Македонија има од 180 до 210, со тоа што доминира машкиот пол во однос на женскиот пол.

– Кога ќе се појават симптомите на болеста тогаш операбилноста е многу ниска и изнесува неколку проценти. Болеста не е за занемарување бидејќи нејзиното често појавување упатува на аларм во однос на десетици години наназад кога беше поретка причина за смртност, додаде Јанкуловски.

Проф.д-р Борут Штабуц, спец.гастроентерохепатолог од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана истакна дека во последните 10 години инциденцата на заболени од рак на панкреас во Словенија двојно се зголемила.

– Секоја година имаме околу 370 нови заболени, а речиси исто толкав број годишно и умираат. Во Словенија инциденцата е најголема во Европа и има околу 19 заболени на 100.000 луѓе секоја година. Покрај сите дијагностички можности кои ги имаме за жал повеќе од 80 отсто од пациентите со рак на панкреас ги откриваме во доцна фаза кога болеста напредувала и се појавиле метастази, рече Штабуц.

Ако откриеме туморот помал од два сантиметри, појасни, тогаш го откриваме случајно и тој пациент може да го излечиме и тоа само со хирушка терапија. Без какво било лекување, средното преживување на болните со напреднат карцином на панкреас е три до шест месеци.

Нагласи дека кај 80 отсто од пациентите кај кои хирушкото лекување не е можно има можност за лекување со хемотерапија, палијативно лекување. Со тој вид терапија, истакна, не можеме да ги излечиме пациентите, но сепак можеме да им го продолжиме животот, а на 10 отсто од нив и за две години.

– Во последните три години има нови лекови. Ги следиме сите болни кои имаат фамилијарна анамнеза од рак на панкреас и кои имаат хроничен панкреатитис, а на страсните пушачи на возраст над 50 година им правиме ултразвук секои шест месеци. Тоа го правиме кај таквите посебни ризични групи болни, а особено болни со новооткриен дијабетес, срцева болест…Со ултразвук откривме цистички промени во панкреасот, додаде Штабуц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top