Home / природен лек / Подобри за болестите од апчињата – неверојатни природни лекови

Подобри за болестите од апчињата – неверојатни природни лекови

Чешне лук, лажичка мед, сладок корен, се само некои од состојките што важат за природни антибиотици и го зајакнуваат имунолошкиот систем на организмот. Но, сепак, пред да почнете да ги користите, најдобро е да се посоветувате со фитотерапевт или фармацевт.

med-dumbir-foto-shutterstock-1393666072-453851ЕХИНАЦЕЈА – ПРОТИВ ПСОРИЈАЗА
Оваа билка може да го спречи дејството на вирусите и на бактериите, да ја зголеми природната одбрана и да ги излекува воспаленијата. Може да е делотворна кога ќе се појават првите симптоми на грипот, но се претпоставува дека не влијае кога болеста ќе се развие. Благодарение на противвоспалителното и на исцелувачкото дејство, ехинацејата е добра за лекување на надворешни рани, убод од инсекти или угризи. Помага и во случај на кожни болести како егзема или псоријаза. Треба да се користи умерено бидејќи во преголеми количества може да предизвика болка во зглобовите.

ЛУКОТ – ЈА ПОТТИКНУВА ОДБРАНАТА НА ОРГАНИЗМОТ
Лукот може да ги умртви бактериите, вирусите, паразитите и габите. Главна карактеристика на оваа билка е имуностимулативното дејство, благодарение на кое се зајакнува природната одбрана на организмот и го намалува крвниот притисок. Освен тоа, лукот има и антиспастичко дејство, односно ги ублажува или ги спречува грчевите во мускулите, но и инфекциите. Добар е и против желудочно-цревни инфекции, воспаление на горните дишни патишта (носот и устата) и површинскиот дел на кожата. Можни несакани последици во случај на прекумерна употреба се мачнина и повраќање. Не се препорачува да се зема во текот на доењето бидејќи го менува вкусот на млекото.

aloeАЛОЕ ВЕРА – ИСЦЕЛУВАЧ НА РАНИ
Оваа билка со тропско потекло се користи против бактерии и вируси. За да се забрза лекувањето и спречувањето на инфекциите, може да се нанесе на рани или на изгореници бидејќи го подобрува зараснувањето и дејствува противвоспалително. Нема контраиндикации за надворешна употреба, но не се препорачува да се јаде бидејќи во случај на хемороиди може да го надразни анусот. Алое верата поттикнува стегање на мазната мускулатура и затоа треба да се избегнува во текот на бременоста и при воспаление на желудочно-цревниот тракт.

БАГРЕМ – ГО ШТИТИ ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ
Багремот може да го спречи нападот на бактерии и на габи. Добар е против кашлица и воспаленија и против чир на желудник или црева, конјуктивитис, пролив и воспаление на непцето. Во случај на отворени и инфицирани рани може да се користи екстракт од багрем поради неговото антибактериско дејство. Нема посебни контраиндикации или несакани последици.

СЛАДОК КОРЕН – ЛЕК ЗА ГРЛОТО
Слаткиот корен е една од најистражуваните билки на светот поради своето антиоксидациско, антиспастичко, противвоспалително и антистресно дејство. Слаткиот корен ги ублажува тегобите предизвикани од чир и го олеснува искашлувањето. Има благо лаксативно дејство, го намалува шеќерот во крвта, а може да го намали и излачувањето желудочен сок и да го поттикне создавањето жолчка. Слаткиот корен, со столетија позната билка, е одличен против воспаление на горните дишни патишта бидејќи ги ублажува симптомите на настинка. Ја регулира одбранбената реакција на организмот, ја поттикнува работата на мрзливиот имунолошки систем и го смирува суперактивниот. Корисен е во менопауза бидејќи ја контролира активноста на естрогенот, главниот женски хормон.

ПЕЛИН – ЈА СНИЖУВА ТЕМПЕРАТУРАТА
Добар е против бактерии, габи и глисти. Ако се нанесе на раната, може да го забрза зараснувањето. Го регулира имунитетот, дејствува противвоспалително и антипиретички. Во акутната фаза на инфекции на устата и грлото, коренот може да ја ублажи болката. Со умерена употреба може да се спречат можни проблеми со бубрезите и оштетување на средишниот нервен систем. Ако долготрајно се употребува, може да се јават некои негативни последици.

honey11ПРОПОЛИС – ШТИТИ ОД ВИРУСИ
Негово основно дејство е бактерицидно и се смета за вистински природен антибиотик кој дејствува против 28 бактериски видови. Има и антивирусно дејство, а штити и од настинка. Одличен е за дезинфекција на уста и грло, дејствува против габички и егзема, а корисен е во лекување испукана кожа, повреди и рани. Добар е и против отеченост.

ЕВКАЛИПТУС – ЈА УБЛАЖУВА КАШЛИЦАТА
Евкалиптусот помага против бактерии и габи, но не треба да се потценат неговото антипиретско и антисептичко дејство. Докажано е дека помага против инфекции на горните дишни патишта и на уринарниот тракт. Евкалиптусот е делотворен и во лекување инфицирани рани. Најчесто се користи во облик на есенцијално масло за инхалирање. Но, во доза поголема од 4 до 5 капки маслото од евкалиптус станува токсично. И со чаевите треба да се биде умерен бидејќи може да предизвикаат грчеви во желудникот.

МЕДОТ – ЧУВА ОД ОПАСНИТЕ МИКРООРГАНИЗМИ
Постојат многу видови мед, но сите имаат антибактериско дејство бидејќи содржат инхибин, силен антибиотик. Освен тоа, ја намалува и киселоста во организмот и ја ублажува кашлицата. Благодарение на ензимите, го поттикнува апетитот, ја олеснува асимилацијата на храна и овозможува врзување на калциумот и на магнезиумот во коските. Медот е корисен и за зараснување на раните. Освен тоа, медот има и антиоксидациско дејство благодарение на материите кои може да го спречат дејството на слободните радикали, одговорни за стареење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top