Free songs
Home / Болести и лечење / Подигнувајте ги нозете секои 5 минути

Подигнувајте ги нозете секои 5 минути

За да бидете свежи и расположени за работа, дозволете си мала пауза и вратете си ја свежината со помош на неколку вежби, кои може да ги направите и на своето работно место. А бидејќи за секое вежбање треба да го подготвите организмот со загревање, можете да го сторите тоа со 5-минутно трчање во место.

stoenje i rabotaКористете ја секоја можност за растегнување на телото и за согорување на калориите. На пример, додека зборувате на телефон, станете и разговарајте шетајќи низ канцеларијата.

Лесно подигнете ги нозете секои 5 минути заради поттикнување на крвотокот и за да спречите да ви се појават проширени вени и отоци на нозете.

Вежби за рацете
Станете и испружете ја едната рака како да сакате нешто да дофатите. Исто тоа направете го и со другата рака. Потоа испреплетете ги прстите и истегнете се највисоко што можете за да може да го почувствувате затегнувањето на мускулите на грбот.

За истегнување на целото тело
Застанете до работната маса и нозете раширете ги во широчина на рамениците. Рацете високо подигнете ги и наведнувајте се свиткувајќи се во половината с` додека со дланките не ја допрете и не се потпрете на масата.

Следна вежба
Застанете пред столот стоејќи со петицата од едната нога потпрена на седелото од столицата, а со другата нога стоите цврсто на подот. Добро затегнете го коленото на подигнатата нога и задржете го во таа позиција неколку секунди, а потоа повторете ја вежбата и со другата нога.

За уморен грб
Денес многу време поминуваме пред компјутерот, што ни предизвикува замор во грбот. Затоа додека седите на столот, исправете го грбот покрај наслонот со нозете малку раширени на подот, а рацете испружете ги пред себе. Наведнете се за со рацете да го допрете подот. Во таа положба останете неколку секунди и потоа вретете го телото во почетната позиција.

Одморете го вратот
Додека седите можете да правите свиткувања на главата и вратот до градната коска, да ги зафрлате главата и вратот наназад, потоа да правите ротации на главата и вратот на лево и на десно и странично да ги виткате главата и вратот на двете страни.

Против болки во вратниот дел
Седнете на столот и исправете го грбот покрај наслонот, а рацете ставете ги зад вратот и испреплетете ги прстите. Потоа со рацете туркајте ја главата напред с` додека со брадата не го допрете градниот кош.

Станете и подигнете ја едната нога на работната маса, а другата исправете ја. Полека виткајте ја во коленото ногата што е потпрена на масата, а петицата на другата нога не ја одвојувајте од подот.

Вежбите повторувајте ги толку колку што сакате или колку што ви дозволува работата. Додека вежбате важно е да вдишувате низ носот и да издишувате преку устата. Најдобро е вежбите да ги правите покрај отворен прозорец поради кислородот, кој ќе ви го олесни вежбањето и ќе ви даде полет. Сето време додека вежбате водете сметка грбот и главата да ви бидат исправени.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top