Free songs
Home / алтернативна медицина / По лек за очи, кожни болестим плодност – лековити води во Капиштец, Говрлево, Кучково

По лек за очи, кожни болестим плодност – лековити води во Капиштец, Говрлево, Кучково

Во дворот на црквата „Свети Јован Kрстител“ во населбата Kапиштец, изворот во црквата „Светите Kозма и Дамјан“ во скопското село Говрлево, но и лековитата вода, чиј извор се нарекува „Мијочи“ во селото Kучково.

17072014152058_voda-stip-eserihija-koli-300x240Жителите раскажуваат за многу случаи во кои луѓе со мака заминувале среќни и насмеани. За излекувани мистериозни кожни болести, респираторни проблеми, проблеми со плодност, со видот и слично.

– Многу операции се откажани оти луѓето си нашле помош тука од водата. Звучи неверојатно, ама ете вистинито е. Секој ден уште рано наутро многу граѓани доаѓаат да си полнат шишиња со вода што истекува од неколкуте извори околу црквата.

Најпознати се, секако, водите од црквичката која е посветена на светите Kозма и Дамјан, а која се наоѓа во подножјето на ридот, под археолошкиот локалитет, во близина на Долно Соње. Храмот е изграден пред осумдесетина години откако, според преданието, луѓето што живееле тука добиле предупредување дека таква лековита вода треба да се користи многу пополезно отколку дотогаш.

Тогаш на еден од селаните му се сонило дека водата е лековита и дека треба да му се подигне храмот на светите Kозма и Дамјан, познати христијански светители кои ги лекувале луѓето без надомест.

„Миочи“ во Kучково има своја легенда

francija vodaДека речиси секое македонско село крие по некоја приказна за места со чудотворна моќ, зборуваат и жителите од Kучково. На само 15 километри од Скопје, северно кон границата со Kосово, за многумина најубавото село во скопската околина, се крие една многу стара тајна, а која се врзува за изворот што постои во атарот на селото. За него прво знаеле малкумина, претежно жители на селото, но во последните години изворот наречен „Миочи“ го посетуваат дури и луѓе од околните држави.

Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.

– Дупката од копитото на Шарец требало да биде патоказ за света вода – вели чичко Томе.

Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.

Необјасниви излекувања

vodaВерувањето дека некои води се лековите не е својствено само за Македонија и за земјите од нашето опкружување. Во светот с` уште се бараат објаснувања за чудесните својства на водата на местата како Лурд во Франција, а чии извори се исцелителни за илјадници тешко болни луѓе што ги посетуваат. Ватикан дури и 65-те исцелувања што таму се случиле ги признал за чудо. Изворите на вода во Тлакота во Мексико е место каде што над десет илјади луѓе дневно чекаат и по 48 часа за да земат вода од изворот за чија моќ кружат неверојатни приказни. Интересно е да се спомене дека изворот на животот, како што ја нарекуваат водата од овој извор, е откриена во дваесеттите години на минатиот век.

Исто така, во светот се знае за еден извор во градот Надан во Индија, на 150 километри северно од Делхи, кој сосем случајно го откриле сопствениците на имотот кога почнале да копаат дупка за темели на својата куќа. А дека водата имала необични својства, зборува и приказната за работникот кој сериозно се повредил при откопувањето на темелите. Ја измил раната со вода што извирала оти му била најблиску, па останал во чудо кога набргу раната се затворила. Оттогаш во селото доаѓаат илјадници луѓе.

Во Норденау, град што се наоѓа во германската покраина Шмаленбугр, во напуштен рудник, откриен е извор на вода за кој многу германски лекари тврдат дека има фантастични својства. Новинарот Гуидо Бранденбург исто така сведочел за лековитоста водата бидејќи лично сретнал луѓе во рудникот на кој им се нормализирал крвниот притисок, но и такви што со водата излекувале тешки очни болести. Новинарот испил два децилитра од водата и почувствувал како електрицитет му проструил низ телото с` до врвовите на прстите. Луѓе што биле во рудникот сведочеле дека од водата се излекувале и луѓе со малигни заболувања, дури од водата им било давано на лица што ја преживале чернобилската катастрофа.

Dnevnik.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top