Free songs
Home / нови лекови / Пломбите заминуваат во историјата

Пломбите заминуваат во историјата

Британските стручњаци развија револуционерна техника која им овозможува на забите сами да го решат проблемот со оштетувањето. Техниката на саморепарација на забите е развиена на лондонскиот кралевски колеџ. Спрема замислата на британските стручњаци, пломби повеќе нема да бидат потребни, затоа што забот ќе има можност сам да се поправи, пишува британски Гардијан.

zabarОштетувањето на забот најчесто се отстранува со бушење, а направената шуплина се исполнува со амалгамски или некој друг вид на полнеж.

Третманот наречен ЕАЕР  (Electrically Accelerated and Enhanced Remineralisation)го забрзува природниот тек на калциумот и фосфатните минерали во правец на оштетеното место на забот.

Најпрво се подготвува овласта на забната глеѓ зафатена со оштетување, а потоа минералите заминуваат на саканото место.

Според проценките на творците на оваа техника, ваквиот начин на поправка на забите може да биде во употреба најдоцна за три години.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top