Free songs
Home / природен лек / Пешачењето спас од карцином

Пешачењето спас од карцином

Кога сите луѓе би вежбале по 150 минути секој ден, би се спасувале 37,000 животи секоја година, би се спречиле 6,700 случаи од рак на дојка и 4,700 карциноми на дебелото црево.

noze trcanje bosИсто така, над 10,000 животи би можеле да бидат спасени секоја година, само кога луѓето би станале од каучот и би почнале повеќе да пешачат, објави британското здружение “WalkingWorks”.

Одењето е бесплатна активност која би можела да им ги промени животите на луѓето, истакнуваат експертите.

Физичката активност го намалува ризикот од срцеви проблеми и мозочен удар. Исто така влијае на другите болести како дијабетис тип 2, Алцхајмеровата болест и многу видови на карцином, пишува “BBC”.

“Неактивноста е светска епидемија и мораме да ја уништиме пред да биде предоцна.

Таа го зголемува ризикот од сериозни болести како дијабетис тип 2, срцевите болести и одредени видови на карцином.

Заради неактивноста луѓето стануваат подебели”, кажа Киаран Деван, извршниот директор на здружението “Macmillan Cancer Support”.

Затоа, искористете ги последните сончеви зраци и излезете на пријатна прошетка со пријателите и стекнете ја навиката на пешачење пред да почне зимата – резултатите ќе бидат видливи за многу кратко време.

Fox.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top