Free songs
Home / нови лекови / Паметната леќа ќе го мери шеќерот во крвта(ВИДЕО)

Паметната леќа ќе го мери шеќерот во крвта(ВИДЕО)

Технологијата е во рана фаза и прототипот се довршува, но леќата со ситни сензори лесно и безболно ќе го мери нивото на гликоза во крвта и податоците ќе ги испраќа на оној кој ги носи.
Со развој на паметните очила Glass, Google се вклучи и во развој на паметни леќи, кои би требало да им помогнат на дијабетичарите, со тоа што ќе го мерат нивото на гликоза во солзите.

lekji google sekjerЛеќите користат ситен безжичен чип и минијатурен сензор за гликоза кој е вграден помеѓу двата слоја на леќата. Моментално го тестираат прототипот кој може да врши мерења еднаш во секунда, а го истражуваат и потенцијалот на леќата која ќе служи како систем на предупредување. Планираат да вградат мали LED диоди кои би можеле да бидат показател дали нивото на шеќер е над или под прифатливите параметри.

Технологијата е сеуште во рана фаза, но од Google велат дека имаат спроведено серија на клинички испитувања кои им служат за да го доработат прототипот, а се надеваат дека ова ќе доведе до нови начини кои ќе им помогнат на луѓето да ја држат болеста под контрола.

Распространета болест

Всушност, дијабетисот е болест која го зафаќа секој 19-ти човек, а голем дел од нив се бори со оддржување на болеста под контрола. Неконтролираното ниво на шеќер може да доведе до многу посериозни компликации. Но, само мерењето на шеќерот и секојдневните инекции се прилично неугодни. Научниците со текот на годините имаат развиено различни методи на мерење на глукозата во различни телесни течности, како што се солзите, но нив е тешко да се соберат и да се анализираат. Затоа од Google одлучиле да испитаат дали може да се спроведе доволно мал систем кој ќе може прецизно и лесно да го измери нивото на гликоза.

Ќе бараат партнери

Како што наведуваат тие, во моментов се во разговори со американската Агенција за храна и лекови (FDA), но нив сеуште ги чека многу работа за да се направи оваа технологија и систем кој ќе можат луѓето да го користат.
На тоа нема да работат сами и ќе бараат партнери кои имаат искуство во доведување на вакви продукти на пазарот, и овие партнери ќе ја искористат технологијата за леќата и ќе развиваат апликации каде податоците ќе бидат достапни за оние кои ќе ги носат истите, како и на докторите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top