Home / Болести и лечење / Овие грешки може да ги направи и најдобриот лекар – еве на што да внимавате

Овие грешки може да ги направи и најдобриот лекар – еве на што да внимавате

Докторите по општа пракса делуваат како чувари на здравственото осигурување, тие одлучуваат дали ќе го лечат пациентот или е потреба помош од специјалист. Daily Mail ги праша докторите специјалисти со кои погрешни дијагнози поставени од колегите најчесто се соочуваат.

1. Неправилен срцев ритам

maz lekar1Луѓето кои страдаат од атријална фибрилација имаат пет пати поголема веројатност да доживеат удар, а она што е уште полошо е дека инфарктот во оваа состојба е смртоносен. На овие пациенти треба да им се препишат антикоагуланси за да се спречи згрутчувањето на крвта и на тој начин да се намали ризикот од мозочен удар, смета д-р Глин Томас, кардиолог во Институтот Харт во Бристол.

Но, најчесто, докторите по општа пракса препишуваат аспирин, бидејќи се плашат од лекови кои го зголемуваат ризикот од внатрешно крвавење. Но, тоа е погрешно, бидејќи освен што аспиринот ги носи истите ризици од крвавење, тој не делува како антикоагулант.

2. Болки во стомакот

Лондонскиот гастроентеролог д-р Питер Ферклоф вели дека без потреба прегледува полно пациенти по напад во горниот дел на стомакот што докторите по општа пракса го дијагностицирале како гастритис, станува збор за воспаление на желудочната слузница како резултат од инфекција, алкохол или лекови.

Но, најчесто тие пациенти имаат камен во жолчката што нема да се види на ендоскопија. Дијагнозата на камен во жолчка може да се потврди со вадење крв или ултразвук.

3. Затнат нос

stetoskop lekarСпоред д-р Хенри Шарп, специјалист во болница во Ист Кент, многу пациенти се жалат на своите доктори поради затнат нос, а овие најчесто им препишуваат антибиотици или спреј за нос претпоставувајќи дека станува збор за носна конгестија. Но, според доктор Шарп, затнатиот нос може да значи широк спектар на проблеми како одредени компликации до полип. Антибиотиците нема да помогнат ако не станува збор за  бактериска инфекција, а спрејовите со стероиди имаат несакани последици. Докторите треба да ги упатат пациентите на специјалист доколку симптомите не се повлечат по 4 недели.

4. Отечени нозе

Еди Чалонер, васкуларен хирург во болницата Левишем вели дека на пациентите со отечени нозе често им се даваат антибиотици, под претпоставка дека станува збор за инфекција.

„Но, тоа обично е површно воспаление на вените што најчесто се случува кај проширените вени, а може да се појави и како последица на повреда. Антибиотиците немаат никаков ефект во овој случај. Ако не постои рана, односно операциски рез и нема гној, инфекцијата веројатно не е причина“, смета тој.

5. Воспалени и болни зглобови

Доктор Ендру Бами, ревматолог во болницата Челсфилд вели дека на пациентите со реуматиден артритис, кој предизвикува болка и отекувања во зглобовите, може многу подобро да им се помогне ако се реагира брзо во рок од четири недели по поставување на дијагнозата.

„Најчесто не се гледа на време дека болеста напредува предизвикувајќи поголема болка и инвалидност. Би било добро кога докторите по општа пракса ги воочат знаците на болеста во нејзините рани фази кога почнуваат да се јавуваат отекувања со болка во зглобовите, утринска вкочанетост и зголемување на болката пред временските промени. Исто така, најголем предзнак за реуматиден артритис е анемијата, недостаток на железо, што ја имаат осум до десет заболени. За жал, докторите се фокусираат на анемијата, а не на фактот дека таа можеби е симптом од поширок проблем.

Кајгана.ком

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top