Free songs
Home / природен лек / Овие билки помогаат за правилно функционирање на системот за варење

Овие билки помогаат за правилно функционирање на системот за варење

Редоследот на земање на храната има значајно влијание на процесот на нормално варење, со оглед дека различната храна се разградува на повеќе нивоа од нашиот систем за варење.

Течноста која ја внесуваме во организмот има многу важна улога во процесот на варење, количина од некои 1 – 1,5 л. може сигурно да обезбеди потребен волумен во кој храната ќе се измеша заедно со соковите за варење, па со тоа ќе ја подобри нормалната перисталтика на цревата.

bilki-564x272Acorus calami – мирисен корен

Вид на корен ) се користи за подготовка на чај за јакнење на желудникот и цревата. Извонреден е против подуеност. Може и само да се изџвакаат парчиња од билката без подготовка на чај.

Ако е помешан со други билки, на пр. нане, смрека и магдонос, тогаш прави чајна мешавина за измокрување како извонреден препарат во ситуации кога не земаме лекови.

Се подготвува воглавно по ладна постапка, т.е. со потопување во изладена вода 6 – 8 часа, а процедениот  чај се пие во голтки, најдобро пред јадење.

Gentianae radix ( gentian lutea ) – енцијан, корен од Линцура

Линцура подготвена како чај се користи за подобрување на функцијата на варење, поттикнува нормална функција на жолчните сокови, функцијата на црниот дроб се подобрува, а апетитот се враќа. Освен како чај, се подготвува и како стабилен раствор, а и онаа попозната во алкохол со тоа што по подготовката мора секогаш да се разреди во малку вода и да се пие пред јадење во голтки.

Centaurium umbelatum – во народот „женски кантарион“

Како чај лекува болести на слузницата на желудникот и цревата така што го  поттикнува и подобрува лачењето на желудочните и цревни сокови, го отвора апетитот, олеснува празнење на цревата и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Може да се подготви со потопување во изладена вода 6 – 8 часа, после процедување малку се загрева и се пие по малку пред јадење. Centaurium umbelatum исто така помага покачената киселост на желудочниот сок да се намали, како и недоволната киселост да се доведе во нормални вредности.

Во асортиманот на чајни мешавини е и „ Пинтин чај за варење “. Во својот состав има: кора од мала крушка, камилица, анасон и нане. Оваа мешавина се препорачува и на лица кои имаат чувствителен желудник.

Чај против пролив

–       Семки од дуња

–       Трева бршлен

–       Камилица

–       Мајчина душичка

Чај против подуеност

–       „Коњска опашка“

–       Пелин

–       Мајчина душица

–       анасон

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top