Free songs
Home / алтернативна медицина / Отровот од пчели лечи смртоносни болести

Отровот од пчели лечи смртоносни болести

Околу 30 отсто од храната што ја јадеме зависи од опрашувањето извршено од пчелите. А опрашувањето е само една од корисните активности на овие инсекти. Покрај мед, млеч и прополисот, на медицината одамна и е позната моќта на пчелиниот отров. Новите истражувања го поврзаат и за лечење на СИДА-та.

pcelaЕдна нова студија покажа дека отровот од пчели може да убие дури и ХИВ. Истражувачите од универзитетот во Вашингтон, Washington University School of Medicine u St. Louisu, покажаа дека една супстанција наречена melittin која се наоѓа во отровот, може да убие ХИВ преку создавање на ситни пори во обвивката што го опкружува вирусот.

Научниците се надеваат дека ова откритие би можело да доведе до производство на вагинален гел со кој може да се спречи ширењето на ХИВ или ќе се инјектира интравенски кај заболените пациенти.

Пчелниот отров, Apis mellifera, во античката и современата медицина

Добрите познавачи на пчелите користат природен метод за лекување на различни болести – едноставно чекаат пчелата да ги “касне“ на болното место (се разбира ова се мали дози). И модерната медицина од пчелиниот отров прави лекови.

Во инекции се дава на оние кои страдаат од ревматоиден артритис, невралгија (болка предизвикана од оштетување на нервите), мултиплекс склероза, за да се минимизира реакција на убод кај луѓето кои се алергични (desensitation), во случај на потечени тетиви (tendonitis – воспаление на тетива), и кај мускулните пореметувања како што е fibromiozitis и entezitis.

Последователни контролирани дози на пчелиниот отров инјектиран под кожа, го стимулира имунолошкиот систем да се навикнува на отровот и така, меѓу другото, помага во намалување на алергиска реакција на пчелиновиот отров.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top