Home / алтернативна медицина / Откријте сами дали добро ви работи штитната жлезда – ТЕСТ

Откријте сами дали добро ви работи штитната жлезда – ТЕСТ

Одговорете со ” да ” или ” не ” на следниве прашања и откријте дали е време за лечење

stitna zlezdaЧестопати сте задишани, испотени, вознемирени? Можен виновник за тоа е тироидната или штитната жлезда. Важно е проблемот да го откриете на време, за да можете да избегнете сериозни здравствени проблеми.
Меѓутоа, и базичните тестови кои што можете да ги направите дома можат да ви помогнат да откриете дали вашата штитна жлезда има намалена функција, односно дали патите од хипортиреоза. Во тој случај, на преглед треба да се јавите што порано.

Одговорете со ” да ” или ” не ” на следниве прашања:

Имате семејна историја на тироидни заболувања?
Имате некоја аутимуна болест( дијабетис тип 1)?
Вашата тироида е оперирана?
Честопати сте уморни или поспани?
Потиштени сте, немате мотивација?
Имате слаба концентрација и меморија?
Чувствителни сте на студ?
Се здебелувате постојано и не можете да ослабите?
Имате проблем со варењето на храната?
Ве болат мускулите и зглобовите?
Кожата и косата ви се суви?
Ноктите ви се кршливи и меки?
Имате над 50 години?
Либидото ви е намалено?
Менструалниот циклуц ви е нередовен?
За мажите: Имате проблем со ерекцијата?
Не можете да забремените?
За мажите: Имате проблем со плодноста?

Ако имате одговорено со ” да ” на 5 прашања, извесете ги матичниот доктор за вашите симптоми бидејќи постои голема веројатност тироидната жлезда да не ви е во ред.

Вечер.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top