Free songs
Home / нови лекови / Откриена вакцина против ХИВ вирусот?!

Откриена вакцина против ХИВ вирусот?!

Вакцината е заснована на друг вирус, цитомегаловирус (СМV) од фамилијата херпес.Најновата студија објавена во списанието „Nature“ покажува дека научниците дошле до вакцина која успешно ги штити мајмуните од СИВ вирус, еквивалентен на човековиот ХИВ кој предизвикува СИДА.

hiv-sida-300x199Американските научници одушевено ги претставиja  резултатите од истражувањата кои покажаа дека во случаи на девет, од вкупно 16 мајмуни, вакцината делувала. Истиот принцип би требало веќе да се промени и врз луѓето и да се испита колку вакцината може да биде ефикасна во спречување и ширење на ХИВ.

Професорот Луис Пикер од VGTI Институтот во Орегон истакнува  како ова е многу комплициран процес за анализирање, бидејќи секогаш може да постои некоја ќелија која ќе скршне од анализата.

Тимот на научници работеше со многу агресивна врста на вирус, со име SIVmac239, кој е и до 100 пати по смртоносен кај мајмуните, отколку што е ХИВ кај луѓето.

Мајмуните кои се заразени со вирусот умирале во просек по две години. Иако и по вакцината дел од нив ја изгубиле битката, ситуацијата значително се подобрила кај повеќе од половина.

„Во голем дел од случаите, со многу строги критериуми дојдовме до ситуација во која во телото на мајмуните не остана ниту една трага од вирусот“, наведува професорот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top