Free songs
Home / нови лекови / Откриен нов вирус во човечките црева

Откриен нов вирус во човечките црева

Додека истражувале генетски материјал откриен во примероци од утробата, меѓународниот тим го открил вирусот CrAssphage. Според нив вирусот може да влијае врз однесувањето на некои од најчестите бактерии во цревата. Овие типови на вируси, наречени фаг, имаат улога при хроничните болести, тврдат експертите.

debelo crevoНаучниците, предводени од тим од американскиот универзитет во Сан Диего, прегледале информации од три големи меѓународни бази на податоци. Тие дошле на дел од ДНК, која е присутен кај повеќе од половина примероци од цревата. Додека го следеле на потеклото на овој дел, научниците утврдиле дека тој всушност не е опишан досега.

Според стручњаците вирусот може да биде генетски отпечаток на фаг – вирусот што ги инфицира бактериите. Фагите можат да го контролираат однесувањето на бактериите кои се заразну. На овој начин некои фаги фо прават постоењето на бактериите полесно во средината, а други им овозможуваат на бактериите да станат посилни.

Според тимот научници CrAssphage инфицира едни од најчестите видови бактерии во човечките црева. Сега научниците се обидуваат да го одгледуваат вирусот во лабораториски услови.Следниот чекор од нивната работа ќе биде да се разбере како точно вирусот влијае бактериите во цревата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top