Free songs
Home / нови лекови / Откриен нов лек: Ги убива клетките на ракот и не го оштетува здравото ткиво

Откриен нов лек: Ги убива клетките на ракот и не го оштетува здравото ткиво

Со скенирање на повеќе од 1.000 различни типови молекули научниците успеаја да ја идентификуваат компонетата која буквално “крева во воздух“, односно практично предизвикува “експлозија“ на најагресивниот рак на мозокот – глобластома мултиформе (ГМБ).

rak lekСтудијата која денеска ќе биде објавена во списанието “Сел“ е базирана на тестирање на глувци, така што ќе бидат потребни уште многу експерименти  пред да почне тестирањето врз луѓето.

Доколку се покаже како успешен овој пристап, би можел да претставува основа за еден сосема нов начин на лекување на ракот.

Засега само 5 отсто од пациентите со ГБМ успеваат да преживеат подолго од 5 години,  а просечно очекувано време за преживување е 15 месеци.

Дури и со примена на агресивни терапии, овој вид на рак е практично неизлечлив, па поради тоа откривањето на неговите келии претставува суштински ваѓен чекор во развојот на нови и ефикасни терапии со лекови.

Компонентата која го привлече вниманието на научниците е наречена “Вакинол -1“ и секако ги убива клетките на ракот, и тоа на таков начин што досега е незабележан.

Имено, овие молекули, ја исклучуваат способноста на клетките да контролираат што влегува и излегува низ нејзините клеточни ѕидови, така што овие клетки на крајот буквално се распаѓаат – распрсуваат, а она што е значајно е што здравото ткиво околу нив останува целосно неоштетено.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top