Free songs
Home / нови лекови / Откриен е нов лек против СИДА?

Откриен е нов лек против СИДА?

Експерименталниот лек е тестиран за превенција само кај мајмуни, но тие целосно биле заштитени од заразување во двете истражувања чии резултати беа објавени на конференцијата за СИДА.
20130913-pronajdena-vakcina-protiv-sida-360“Ова е највозбудливата иновација во полето на превенција од ХИВ вирусот што сум ја слушнал во последно време”, изјави доктор Роберт Грант, експерт за СИДА при Гледстоун институтс, фондација поврзана со Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско. “И двете групи покажуваат заштитеност од 100 отсто со лекот”, изјави Грант за двете истражувани групи. “Ако навистина делува и се покаже дека е безбеден, лекот ќе овозможи да се спречи заразата со ХИВ со периодични инјекции што можеби ќе се примаат и еднаш на три месеци.”
Сè додека не се најде вакцина, кондомите се најдобар начин да се спречи заразување со вирусот што предизвикува СИДА и нудат заштита од многу други сексуално преносливи болести. Меѓутоа, не сите користат кондоми, или барем не редовно, па службите за здравство почнаа да бараат други опции за превенција.
Лекот што се користи за лекување на луѓе заразени со ХИВ “трувада” на “Гајлид саенс”, исто така се користи за превенција од заразување кај луѓе што не се заразени со вирусот.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top