Free songs
Home / Болести и лечење / Остра болка што брзо исчезнува – еве дали треба да се грижите

Остра болка што брзо исчезнува – еве дали треба да се грижите

Доколку болката се јавува во абдоменот, најверојатната причина се гасовите или опстипацијата. Болката во рамената може да биде знак дека рамената коска и излезена од лежиштето или дека дошло до истегнување на тетивите, а пак, болката во стапалото може да биде последица на грч во мускулите, и исто така, истегнување на лигаментите.

man-with-pain-in-back_thumb_medium490_0Острата болка која се јавува ненадејно и брзо се повлекува најверојатно не е причина за грижа. Доколку болката зачести и е многу силна, долго трае или се јавува по физичките активности (на пример џогинг или аеробик), веројатно сигнализира некој сериозен проблем.

На пример болката во стомакот може да укаже на некое посериозно пореметување во варењето или нетолеранција кон одреден вид на храна. Болката во стапалото, пак, може да биде знак за фрактура на коските.

Засилено потење во моментите на нервоза

Кога се наоѓате под стрес, вашето тело ослободува адреналин, кој предизвикува засилено потење. За да ја спречите, односно ублажите ваквата непријатна појава, користете антиперспирант дезодоранс кој содржи раствор на алуминиум хлорид.

Производите на база на оваа состојка ги затвораат порите на потните жлезди и на тој начин го редуцираат потењето. Секако, најдобар лек е да го намалите нивото на стрес и анксиозност.

Доколку потењето е проследено со појава на студени дланки, промена на пулсот (забрзан или успорен), несвестици, отежнато дишење, треба обврзно да се јавите кај лекар затоа што овие симптоми можат да укажат на срцеви и други здравствени проблеми.

20131223-kako-da-go-izmerite-pulsot-1Забрзан пулс по будење

Нај здравите личности, оваа појава може да биде последица на зголемено ниво на стрес. Како што е познато, стресот ја зголемува продукцијата на адреналинот, ко го забрзува пулсот и го зголемува крвниот притисок, дури и во тек на ноќниот сон.

Забрзувањето на пулсот, исто така, може да биде последица на земање лекови против настинка кои содржат псевдоефедрин или конзумирање на големи количини кофеин.

Во најголем број од случаите, доволно е само да го намалите внесот на кофеин, да го редуцирате стресоти, повеќе да спиете, за вашиот пулс да се врати во хормала. Доколку забрзаниот пулс е редовна појава, проследена уште со недостаток на здив, вртоглавица или послаби главоболки, или некој во вашето семејство пати од срцеви заболувања, веднаш треба да се обратите кај лекар.

Можеби ќе бидат потребни различни анализи за да се утврди дали е во прашање срцеви заболувања, нарушувања на функцијата на тироидната жлезда или можеби нарушена равнотежа на електролитите. Последните две состојби најчесто се третираат со медикаменти.

Појава на “ѕвездички” пред очите по станување или клекнување

Кога ќе се наведнете (или клекнете), крвта веднаш ви оди во носете, а брзо подигнување предизвикува краткотраен пад на крвниот притисок. Тоа е најчестата причина поради која чувствувате несвестица и гледате “ѕвездички” и точки пред очи.

vezbi-za-zamoreni-oci-01Оваа појава најчесто предизвикува дехидратација и ширење на крвните садови, кои може да доведат до повремен пад на крвниот притисок. За да ја избегнете оваа појава, земајте доволно течности и секогаш полека враќајте се во вертикална положба. Ако секогаш кога ќе ја промените положбата чувствувате слабост и гледате само ѕвездички пред очите, веднаш посетете лекар.

Овие симптоми можат да укажат на кардиоваскуларни проблеми, вклучително со неочекуван пад на крвниот притисок, кои најверојатно може да се третираат со медикаменти.

Овие симптоми може исто така да бидат придружни појави при земање на одредени лекови, како што се некои средства против главоболка, вклучително и трицикличните антидепресиви, кои се употребуваат при лекувањето на мигрена. Посоветувајте се со лекар во врска со промена на лековите кои ги користите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top