Home / Болести и лечење / Ослободете се од белите дамки по телото во лето

Ослободете се од белите дамки по телото во лето

Tinea versicolor е габично заболување на кожата коешто се појавува во текот на летните месеци. Станува збор за бели дамки кои најчесто се појавуваат на подрачјето кај вратот, а ако не се третираат можат да се прошират и по целото тело. Ако сакате да се ослободите од ваквите дамки на кожата, употребете ги овие природни лекови што ги имате во вашето домаќинство.

Кои се причинителите?

beli damki– Пад на имунитетот
– Зголемено потење
– Сончање и престој на влажно и топло место
– Мрсна кожа

Зошто се појавуваат?

На површината на човечката кожа се собираат бројни микроби, а топлата кожа во комбинација со потењето, мртвите клетки и маснотиите што ги лачи кожата, се совршено место за развој на габички. Габичките се манифестираат во облик на бели кружни дамки – депигментации на кожата кои можат да започнат од мали дамки на вратот и во текот на летото да се прошират по целиот грб.

Природни средства против tinea versicolor

1. Пробиотик

Јогуртот е полн со добри бактерии кои помагаат телото да се бори против опасни микроогранизми меѓу кои е и tinea versicolor. Нанесете го обичниот јогурт или пробиотикот без шеќер на заболеното место, оставете да се исуши и измијте ја кожата. Постапката треба да се повторува неколку пати дневно.

2. Јаболков оцет

Овој магичен производ се користи во целото домаќинство, а неговата магија дејствува и на габичните инфекции. Јаболковиот оцет има природни антифунгицидни својства поради кои е исклучителен борец против tinea versicolor.

Измешајте еднаква количина вода и јаболков оцет и со неа намокрете парче вата. Со ватата, тапкајте по заразените делови и оставете ја кожата да се исуши. Повторувајте ја постапката секогаш кога сте во можност.

3. Масло од чајно дрво

Етеричното масло од чајно дрво одамна се користи за борба против инфекции и габични заболувања на кожата, па затоа е и еднакво делотворно и против tinea versicolor. Во сад измешајте лажица маслиново масло и 5-7 капки етерично масло од чајно дрво. Смесата, со парче вата, нанесете ја на заболените места и оставите да дејствува цело време додека сте дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top