Free songs
Home / Болести и лечење / Нова закана за човештвото: Се враќа болеста која однесе илјадници животи

Нова закана за човештвото: Се враќа болеста која однесе илјадници животи

Големите сипаници, смртоносна болест искоренета во 1977. година, би можела да се врати, со оглед на тоа дека замрзнатите сибирски тундри одмрзнуваат и го ослободуваат вирусот од телата на луѓето кои починале во големата епидемија пред 120 години, предупредуваат експертите.

sipaniciНекогаш таа болест била една од најголемите закани за човештвото. Умирале повеќе од 30 проценти од заразените откако кај нив се појавувале симптоми како висока температура и карактеристичен гноен осип, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Се верува дека спорите од потенцијално фаталниот антракс од мртвите луѓе и елени кои биле закопани во вечниот мраз, веќе заразиле 254 пациенти кои моментално се наоѓаат во болница во Салакард во близина на рускиот северен брег. Но, експертите стравуваат дека постојат знаци дека најстрашното допрва доаѓа.

-Во текот на 1890-тите години избила епидемијата на големи сипаници од кои во еден град умреле околу 40 проценти од популацијата. Секако, телата биле закопани во горниот слој на замрзнатата земја, на брегот на реката Колима. Сега, стотина години подоцна, реката го еродира брегот”, вели Борис Кершенголт од сибирскиот огранок на Академијата за науки.

Одмрзнувањето на вечниот мраз го забрзува процесот на ерозија.

sipanici

Откако спорите од антракс биле пронајдени на Јамалскиот полуостров, експертите од Центарот за вирусологија и биотехнологија од Новосибирск ја проверуваат ситуацијата со останатите болести. Тие пронашле човечки остатоци кои имаат рани кои наликуваат како последици од големите сипаници. Иако експертите во заштитни одела не го пронашле и самиот вирус, откриле делови од неговата ДНК.

Вечниот мраз во регионот на Јакутија обично се топи 30 до 60 сантиметри, но оваа година се стопил повеќе од еден метар, тврди Михаил Григориев, заменик директор на Институтот за ледени површини.

-Карпите и земјата на Јамалскиот полуостров содржат многу мраз. Одмрзнувањето може да доведе до брзо губење на земјата, така што постои голема веројатност дека старите гробови ќе избијат на површина. Некои гробови се на длабочина од три метри, покриени со многу мал слој на земја. Спорите од болеста се сега на слобода, рекол Григориев за Сиберијан тајмс.

Исто така постои и страв дека сибирскиот вечен мраз би можел да ослободи големи количини на метан, кој кога ќе се испушти во атмосферата може да има многу големо влијание на ефектот на стаклената градина, во магичен круг кој би можел драматично да го зголеми степенот на глобалното затоплување.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top