Free songs
Home / природен лек / Вежби за рамни стaпала кај децата на плажа и на трева

Вежби за рамни стaпала кај децата на плажа и на трева

Летото е идеално за разни физички активности, поради убавото време и времето поминато во природа, како и одењето на летовање. Водата, плажата и тревата создаваат оптимални услови за превенција на рамни стопала

Летото е идеално за разни физички активности, поради убавото време и времето поминато во природа, како и одењето на летовање. Водата, плажата и тревата создаваат оптимални услови за превенција на рамни стопала.

28072014212737_deca stapalaИскористете ги овие погодности и заедно со своите деца шетајте, вежбајте и играјте во плитката вода и на плажа.

Годишниот одмор и престојот на плажа е право време родителите да ги воочат неправилностите во развојот на стопалата кај своите деца, и да ги искористат природните услови за превенција од појава на деформитети кај стопалата.

Децата, пред сè треба да бидат боси на плажа и во вода, при тоа треба да им дадете и одредени различни вежби-брзо одење, одење со високо издиганти колена, одење наназад, на страна, скокање на една нога, скокање истовремено со двете нозе, одење цик-цак, или пак се што може да ви падне на памет или на вашите деца.Забавни вежби во вода и на плажа.

Можете да осмислите игри во кои ќе учествуваат повеќе деца. Еве неколку предлози:

На песок нацртајте со стап кругови со дијаметар околу 20 цм. Децата нека одат по нив на една нога, и се така до следниот чадор за сончање.

Децата нека одат кревајќи ги колената високо во воздухот, носејќи топка над главата (кофа, појас за пливање), се така до влез во водата. Повлечете по песокот линија со вода, и децата нека одат по неа вкрстувајќи ги нозете.

Кој прв ќе наполни кофа со каменчиња, фаќајки ги каменчињата со помош на прстите од стопалото.

Вежби за рамни стопала на трева.

Доколку сте на планина или на место каде нема вода и песок, исто така треба да го пуштите детето да оди босо, за да можат мускулите на стопалата да се зајакнат.

Децата воглавно имаат свои идеи како да си играат, сепак можете и вие самите нешто да им предложите:

Децата нека одат на раце и со исправени нозе-како мечки, или пак да се потпираат на колената, односно да се собираат и исправуваат како гасеници, при тоа да ги допираат стопалата на земја.

Децата како автомобили нека кружат низ замислени стази помеѓу дрвата, пумпаат бензин на замислена бензинска, чекаат на семафори да се запали зелено светло и се паркираат кога ќе се уморат.

Децата нека седнат и нека се буткаат со нозете, или нека возат точаци со нозете.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top