Home / нови лекови / Нова вакцина против менингитис А

Нова вакцина против менингитис А

Нова вакцина против менингитис А, користена во неколку африкански земји, покажа ефикасност во големи размери, покажа истражувањето…

vakcinaНема регистриран нов случај на менингитис А меѓу население од 1,8 милиони луѓе, вакцинирани во 2011 година во три региони на Чад, се посочува во текстот објавен во британското медицинско списание “Лансет”.

Ако се вклучат сите видови менингитис, новите случаи кои се регистрирани во епидемиски сезона на 2012, се паднати во трите региони на 2,5 за 100 000 луѓе, наспроти 43,6 за 100 000 во други области на Чад, каде што не е направена вакцинација.

Менингококовиот менингитис е воспаление на менингите – мембраната, која го обвиткува мозокот и коскената срцевина. Болеста може да предизвика сериозни нарушувања во мозокот и да биде смртоносна ако не се лекува. Менингитис може да биде предизвикан од различни бактерии, а како најчеста во Африка е од менингокок од серогрупа А, која е одговорна за 80-85% од случаите во Африка. Таму епидемиите се на секои 7 до 14 години. Најранливи на болеста се деца и млади луѓе.

Интересно.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top