Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Никогаш не ги скубете влакната од носот – совети што се не смеете

Никогаш не ги скубете влакната од носот – совети што се не смеете

Славниот Др. Оз посочи на последиците на некои вообичаени навики, кои многумина ги практикуваат, како што се скубење на влакната од носот и одење на спиење со неизмиени заби.

Дали навистина е лоша идеја да се лупат изгорениците од сонцето или да се скубат влакната од носот?

Др. Оз оој пат ги открива последиците од четири вобичаени навики на многу луѓе.

zabarka-520x311Што се случува ако на спиење отидете со неизмиени заби?

Ако го правите тоа ретко, тогаш и не е некој голем проблем. Поголем проблем е што во текот на ноќта, за време на спиењето, нашата уста станува посува од вообичаено, а бактериите сакаат кога е суво. Ако го прескокнувате миењето на забите, подобро тоа правете го наутро, отколку навечер.

„Здивот нема да ви биде свеж, но тоа е помалку шетно за забите отколку ако не ги измиете пред спиење“, советува др. Оз.

Што се случува ако ги лупите изгорениците од сонцет?

После горењето од сонце, кожата почнува да се лупи. Кога ја лупите вашата кожа можете да ја оштетите и онаа кожа под тој горен слој. Задолжително користете заштитни креми кога се изложувате на сонце. Ако се случи да изгорите, на кожата нанесете алое вера. На тој начин ќе ја заштитите онаа млада кожа под слојот кој се лупи и нема да дојдете до искушение самите да си ја лупите кожата.

Што се случува ако ги скубете влакната од носот?

nosЛуѓето сакаат да „буричкаат“ во својот, односно во внатрешноста на својот нос. „На луѓето им велам дека тоа е „триаголник на смртта“, тоа е триаголник меѓу носот и устата. Ако од тој дел ги искорнете влакната, ќе се појави крв. Крвта овозможува на бактериите во вашиот нос да се размножуваат. Со оглед на тоа што на вените на подрачјето на лицето им недостасува „заштитни вентили“, бактериите теоретски можат да влезат во крвотокот и да однесат инфекција некаде на друго место во телото. Немојте никогаш да ги скубете влакната од носот“, советува славниот доктор.

Што се случува ако испиете чаша вино, а пиете антибиотици?

Ако пиете алкохол додека пиете антибиотици таблетите и понатаму ќе се борат против бактериите. Но, мешањето на алкохол со лекови може да предизвика нус појави како што се мачнина и вртоглавица. Познато е дека комбинирањето на некои антибиотици и алкохол може да има сериозни последици. Во секој слчај, подобро е да избегнувате алкохол додека не оздравете, вели др. Оз.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top