Home / аларм / Ни се закануваат жолтица, цревни инфекции и дизентерија

Ни се закануваат жолтица, цревни инфекции и дизентерија

Долготрајните врнежи и поројните дождови што ни се случуваа може да донесат цревни инфекции, жолтица и дизентерија во региони во кои жителите не пијат вода од градската водоводна мрежа, предупредуваат епидемиолозите, пренесува Нова Македонија.

cesma voda1Научниците објаснуваат дека изминатите години, речиси редовно, по подолготрајни дождови, бројот на пријавени случаи на цревни болести бил во пораст. Токму поради тоа повикуваат на зголемена внимателност кога станува збор за водата за пиење, миење и за готвење.

Неопходно е редовно следење на квалитетот на водата за пиење од страна на надлежните, Наш стар проблем, кога станува збор за водата, се селските населени места што немаат водоводи и пијат вода од бунари. граѓаните, ако забележат заматување или промена на мирисот и на вкусот на водата, тоа треба веднаш да го соопштат до здравствената служба. 

Лекарите советуваат на зголемена хигиена, како и да се престане со употреба на водата доколку некому му е сомнителна, сѐ додека не се докаже дека е безбедна за пиење. За небезбедна се смета и храна што дошла во контакт со небезбедна или загадена вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top