Free songs
Home / нови лекови / Нема веќе шиење – длабоките рани ќе се затвараат со лепило

Нема веќе шиење – длабоките рани ќе се затвараат со лепило

Научниците развија специјално лепило што најверојатно ќе ја замени употребата на традиционалната игла и конец , за да се зашијат раните

nano lepilo

” Нано лепило ” –  силиконски нано-честички , кои се нанесуваат на кожата и тоа овозможува длабоки рани да се затворат за неколку секунди . Наночестички во водениот раствор се поврзуваат едни со други во повеќе слоеви , кои се спојуваат .

Новите експерименти извршени in vivo со стаорци покажуваат дека методот е ефикасен и безопасен . Екипата под водство на Лудвик Лејблер од Францускиот национален центар за научни истражувања и Дидие Летурњор од Францускиот национален институт за здравство и медицински истражувања споредил затворање на длабока рана на традиционален метод со нанесување на ” нано лепило ” со четка.

Вториот метод дозволил раната да се затвори брзо , без воспаленија , ниту некроза . Добиениот резултат на раната бил белег кој е речиси невидлив.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top