Free songs
Home / аларм / Не сте ни свесни што се опасно има во меленото месо – Внимавајте !!

Не сте ни свесни што се опасно има во меленото месо – Внимавајте !!

Во вашата омилена храна, како што хамбургери, ќебапи, колбаси, ќофтиња, може да се најдат разни непријатни нешта кои најверојатно не ни помислувате дека се таму, а тоа може сериозно да го оштети здравјето!

meleno mesoБактерии

Иако бактериите живеат буквално на секоја површината на планетата, вклучувајќи ја и храната, тие се само на површината. Внатрешноста на мускулното ткиво е релативно стерилна. Па можете слободно да јадете стек, бидејќи високите температури во текот на подготвување ги елиминираат од површината бактериите, иако внатре месото е се уште сурово.

За мелено месо, сепак тоа не е случај, бидејќи кога во фабриката се подготвува сите бактерии се мешаат со внатрешните делови, што значи дека тие не можат да се отстранат со термичка обработка.  Затоа, неопходно е да се пече мелено месо на најмалку 70 Целзиусови степени.

Пинк слајм

Тоа е термин кој се однесува на супстанцијата како желе што настанува кога остатоците како жили, течности и разни други остатоци ќе се соединат и измешаат во една маса. многумина во оваа индустрија ги користат како евтин додаток на мешавината на месо или колбаси со што се добива на тежина.

26022013210045_konjsko mesoФекалии

Кога животните се колат и ги отворат нивните стомаци, фекалиите испаѓаат заедно со месото. Таа потоа се собира и се праќа комплет на мелење.

Со бактериолошки истражувања, во две третини од примероци на мелено месо бил пронајдена бактеријта E. coli. Некои видови на овие бактерии се безопасни, па дури и неопходни за нормален процес на варење, но многу други може да предизвикаат сериозни случаи на труење ако месото не е термички обработено правилно.

Супер бактерии

Да се ​​отстранат бактериите од добитокот сточарите ги хранат и со големи количини на антибиотици. Следствено на тоа, нормално некои видови на бактерии се развиваат во т.н. супербактерии кои се отпорни на познатите третмани. Познати се варијации на E. Coli, Salmonella, Enterococcus и Staphylococcus aureus  – сите овие бактерии отпорни на антибиотици беа пронајдени во мелено месо. Се проценува дека во просек 13 проценти од месото во продажба во себе има супербактерии против кој луѓето немаат лекови

.
meleno mesoЛекови, хемикалии, пестициди и метали

Сево ова оди во месото преку синџирот на исхрана преку контаминирана храна која ја јадат животните и може да се најде на трпезата. За разлика од бактериите кои исчезнуваат при термичка подготовка, овие отровни супстанции се разложуваат само во стомакот за време на варењето на храната. Проблемот е што некои пестициди и тешки метали не се распаѓаат кај сите, и на крај завршиле во бубрезите и црниот дроб, каде што може да останат за цел живот.

Плескавица од илјадници свињи

Повеќето луѓе веројатно не ни помислуваат дека мелено месо се прави од парчиња месо и остатоци од голем број на различни животни, понекогаш над илјада. Но оваа мисла е застрашувачка за бактериолозите, бидејќи тие знаат колку ќе биде тешко да се утврди потеклото на бактериите следниот пат кога ќе има појава на салмонела  или кравјо лудило. А тоа е неопходно за да се сопре изворот на заразата.

Биди свој господар

Некои од овие непријатности може да се избегне доколку си мелете на месо сами дома или барајте од месарот да си одберете парче месо кое ќе го измеле пред вашите очи. Купувајте од веродостојни производители, дури и ако тие се малку поскапи од другите брендови

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top