Free songs
Home / аларм / Не спијте во соба полна со технолошки уреди!

Не спијте во соба полна со технолошки уреди!

Технолошките апарати зрачат штетни зраци кои влијаат на сонот, т.е. чести будења во текот на ноќта, замор при станување, но и во текот на целиот ден, смета член на Управниот одбор на турското Здружение Ујку (UYKUDER), професорката Зерин Пелин.

spie kompjuter ipadЗдружението се занимава со истражување на квалитетот на сонот и факторите кои влијаат на него. Ненаспиеноста влијае на квалитетот на животот, но и опасност која може да ја предизвика возач кој не спиел доволно. На тој начин, се загрозува и себе и другите учесници во сообраќајот, сметаат од ова здружение.

Таа препорачува што помала употреба на таблети, мобилни, како и телевизори, бидејќи сините зраци кои ги испраќаат тие негативно влијаат на хормонот мелатонин, кој всушност го контролира сонот и крвниот притисок.

Пелин вели дека мелатонинот е хормон кој најмногу се излачува ноќе, т.е. меѓу 21 часот и полноќта.

– Ако поголема количина сини зраци влијаат на лачењето на мелатонинот, кога тој би требало да биде на врвот, лицето ќе има проблем со спиењето – рече Пелин.

При намалена количина на излачениот мелатонин, лицето подоцна често се буди што влијае на квалитетот на сонот.

– Честите будења, недоволна количина на сонот, заморот, поспаноста во текот на денот, можат да влијаат и на општествениот живот – додаде Пелин.

Таа смета дека решение за ненаспиеноста и заморот е помало користење на технологијата, т.е. нејзино користење само во неопходни ситуации.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top