Free songs
Home / природен лек / Научно е потврдено дека домашната храна е најздрава

Научно е потврдено дека домашната храна е најздрава

Според водачот на научниот тим од универзитетот во Орегон (OSU) Арипта Тивари, мислењето кое е врежано во јавноста дека подобриот социоекономаки статус и повеќе пари, значат и подобро здравје за луѓето, е погрешно.

Имено, последната студија на тој тим потврдила дека здравјето не е поврзано со скапите намирници, туку со оние кои се добро одбрани и се свежо приготвени.

Во извештајот се наведува дека  бабите биле во право кога инсистирале да се практикува вечера во семејна и домашна атмосфера и да се јадат готвени јадења, затоа што последната студија потврдила дека таа пракса е многу подобра за здравјето на човекот отколку праксата на излегување на вечера во ресторани.

Истражувачите ги следеле прехранбените навики на 400 возрасни луѓе од Сиетл и Вашингтон и дошле до заклучок дека почестата консумација на храна од домашната кујна го зголемува индексот на на квалитетот на исхраната и подоброто здравје на луѓето.

Тивари апелирал на властите да ги разгледаат овие факти и да направат реформи кои ќе им овозможат на семејствата да се хранат поздраво.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top