Free songs
Home / нови лекови / Научниците открија нов дел од човечкото тело

Научниците открија нов дел од човечкото тело

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот на Вирџинија неодамна открија долго време сокриен систем на садови кои ги нарекоа „лимфни садови на централниот нервен систем“, кои ја исцрпуваат лимфната течност од мозокот до околните лимфни жлезди.

teloОткритието, кое беше неодамна објавено во Nature, ја протресе научната заедница. Студијата ја водеше Антоан Лувро, кој моментално работи на постдокторалната теза во лабораторијата на Џонатан Кипнис, директор на Центарот за мозочна имунологија при универзитетот.

Ова откритие е невроимунолошката верзија на гледање на еднорог – не само што системот останал неоткриен илјадници години откако постои медицината, туку и во сé што сме учеле пишувало дека нема шанси ваквиот дел од телото да постои. Како резултат, невроимунолозите се бореја да го разберат механизмот на мозочната дренажа и воспаленијата.
Кога сите други ткива во мозокот се воспалени, молекулите или патогените се дренирани во локалните лимфни клетки, каде имунолошките клетки се активираат за да ја продолжат битката.

„Досега мислевме дека овој систем не постои во мозокот. Кога прв пат ги видовме овие садови, јас сосема го изгубив паметот“, вели Кипнис за Mental Floss. „Ова откритие не може да биде повозбудливо“.

Фактот што овие садови се толку длабоко сместени може да биде причината што биле сочувани во тајна толку долго. Можат да се најдат кај дуралните синуси, кои ја исцрпуваат крвта од интерните и екстерните вени на мозокот, во интерните југуларни вени. Исто така се наоѓаат до голем крвен сад, кој ги сокривал од видот на научниците.

Кипнис предупредува дека ова откритие мора да биде многу подлабоко истражувано за да го разбереме комплетно. Сепак, возбуден е поради улогата која неговото откритие може да ја одигра во разбирањето и третирањето на многу пореметувања, меѓу кои мултиплекс склерозата, Алцхајмеровата болест и аутизмот.

„Најважните работи треба штотуку да ги откриваме“, вели тој.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top