Home / нови лекови / Научниците на прагот на пресврт во истражувањето на ракот на дојката

Научниците на прагот на пресврт во истражувањето на ракот на дојката

Резултатите од истражувањето на британските научници објавени во студијата во стручното списание Nature, се оценуваат како пресврт во истражувањето на ракот на дојката, а почиваат на сознанијата за генетските мутации кои влијаат врз настанувањето на овој вид карцином.

509447-rak-dojke-1-300x191Во досега најобемната спроведена студија во врска со ракот на дојката, научниците настојувајќи да ги откријат причините за настанувањето на ова заболување, прво требало да сфатат што во човековиот генетски код тргнува во погрешна насока па здравото ткиво се претворува во канцерогено.

Големиот меѓународниот тим научници ги проучува сите три милијарди ознаки кои го сочинуваат генетскиот код на 560 карциноми на дојката. Откриле 923 групи на гени коишто доколку мутираат можат да предизвикаа развој на тумор. Некои групи гени се откриени претходно, но научниците се надеваат дека ова е крајниот список, затоа што притоа се опфатени и некои извонредно ретки мутации/

Професорот Мајк Стратон, директор на институтот Санџер во Кембриџ, кој го водел истражувањето, истакнува дека станува збор за пресврт во истражувањето на ракот.

„Во човечкиот геном има околу 20.000 гени. Се чини дека сега имаме целосна слика за ракот на дојката. Имено, знаеме дека постојат 93 групи гени кои нормалното здраво ткиво на дојката, откако ќе мутираат го претвораат во канцерогено, а тоа е извонредно важна информација. Списокот го проследивме до универзитети, фармацевти и биотехнолошки компании за да почната да работат на развој на лекови, бидејќи новата терапија треба да се насочи токму на тие гени и нивните протеини“, вели Стратон во разговорот BBC.

„Веќе имаме многу лекови кои се развиени последните 15 години и знаеме како делуваат. Еден од нив е Херцептин, кој се користи кај пациентките со специфични мутации. Карциномите се итри ѕверки и пронаоѓаат начин да развијат отпорност на новата терапија. Но, јас сум оптимист“, вели Статон додавајќи дека за развојот на новите лекови кои дејствуваат насочено ќе бидат потребни најмалку десет години.

Лошата информација од ова истражување е дека околу 60 отсто од мутациите коишто го предизвикуваат ракот на дојката се откриени во само десет гени, а постојат и толку ретки мутации за чијашто терапија веројатно нема да има пари.

Мутациите на генот оставаат своевидни „лузни“ на човековата ДНК, а тоа на британските научници им овозможило да идентификуваат 12 типови оштетувања кои предизвикуваат мутации на ткивото на дојката. Некои се поврзани со наследство од предците, но повеќето од нив не можат да се објаснат. Научниците се надеваат дека нивното истражување на крајот ќе придонесе за намалување на ризикот од заболувања од ракот.

„Во иднина би сакале да се фокусираме на профилирањето на индивидуалниот геном на ракот за а ја примениме најуспешната терапија за пациентка кај која ракот на дојката е дијагностициран. Ова претставува чекор натаму во индивидуализираниот пристап во лекувањето на ракот“, вели др Серена Ник-Зајнал, една од учесничките во истражувањето.

Студијата на научниците им овозможува подобро да ја сфатат комплетната слика на генетските промени во изворите на ракот на дојката и би можела да претставува важен чекор нанапред во развојот на новите ткн „паметни“ лекови , и да резултира со поголем број пациентки кои успешно го победиле ракот на дојката, коментира др Ема Смит, од британскиот Институт за истражување на ракот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top