Free songs
Home / нови лекови / Научниците им го вратиле видот на слепите!

Научниците им го вратиле видот на слепите!

Американските научници, за прв пат, со помош на матичните клетки, успеале да им го вратат видот на слепите без никакви штетни последици

oko-300x225Како што е наведено во една научна студија, 18 пациенти повторно прогледале со помош на ембрионални матични клетки и без никакви последици. Половина од пациентите имале таканаречена „Старгардова макуларна дистрофија“, наследна болест на окото, која најчесто го зафаќа централниот дел на очната мрежница наречена „макул“, а другата половина имала старечка атрофична дегенерација на макулот, што е втората најчеста причина за слепило во светот.

Секој учесник во истражувањето добил по 50.000 до 150.000 клетки и на секој од нив му било лекувано само едно око заради што појасни резултати.

Во студијата претставена во магазинот „Ланцет“, авторите тврдат дека не забележале отфрлување или посериозни проблеми поврзани со трансплантацијата на ткивата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top