Free songs
Home / Болести и лечење / Наследни болести кои не можеме да ги избегнеме

Наследни болести кои не можеме да ги избегнеме

Генетиката се „обвинува“ за настанувањето на бројни здравствени проблеми, а всушност се наследува наклонетоста кон нив. Ако вашите родители или баба и дедо имале алергија, астма или чувствителонст на одредени видови на храна и лекови, голема е веројатноста дека и вие ќе имате такви проблеми.

kivanje nastinka grip1.АЛЕРГИЈА

Алергиите претставуваат променета, пречувствителна реакција на имунолошкиот систем на организмот на материи од окружувањето, кои ги нарекуваме алергени. Можноста за добивање на алергија е наследна.

За да се смалат компликациите, најделотворна е раната превенција. Мајката додека дои не треба да ги конзумира намирниците кои можат да предизвикаат алергија. Но, после раѓањето не треба да се претерува со чистота. Всушност, препорачливо е да си набавите домашно милениче.

2.АСТМА

Астмата е хронична опструктивна воспалителна болест на дишните патишта која предизвикува потешкотии при дишењето. Болеста кај почувствителните личности се манифестира со отежнато дишење, кашлање, придружено со опструкција во дишните патишта.

3.КРАТКОВИДОСТ

И оваа болест е наследна. Истото важи и кога некој во семејството е далекувид или има астигматизам, и далтонизам, неспособноста да се разликуваат бои (сите или некои) – ова во главно се пренесува од мајката на машките деца.

4.КАРИЕС И БОЛЕСТИ НА ЗАБИТЕ

Кариес е болест предизвикана од бактерии, но има деца кои му се подложни повеќе отколку некои други, затоа што и нивните родители патат од болести на забите. Друг проблем е лошиот загриз или пореметување во џвакањето, како последица на наследна деформација на вилицата.

5.ДЕПРЕСИЈА

Во случај некој во семејството да пати од депресија, ризикот се зголемува на 40% до 50%, бидејќи болеста на духот е наследна. Секако, станува збор за клинички докажана депресија, а не за промена на расположението или нервоза од умор.

6.ЕКЦЕМ И ПСОРИЈАЗА

Доколку во семејството има некој што пати од алергија, голема е веројатноста за заследување на атописки екцем. По генетски пат се пренесува и псоријаза, но може да се покаже и после голема бактериса инфекција (на пр. запаление на крајниците) или кај адолесцентите после психофизички стрес.

Tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top