Free songs
Home / нови лекови / Откриен лек кој го враќа видот

Откриен лек кој го враќа видот

Лек кој е во експериментална фаза покажува значителен напредок во лекувањето и враќањетo на видот на пациенти со Леберова вродена мана (LCA-Leber congenital amaurosis), откриле научниците.

podocniciСпоред научниците, ова е прв пат некој лек да ја подобрува визуелната функција на слепи пациенти кои имаат LCA, која предизвикува ослабување на видот, а во некои случаи можно е и целосно слепило.

Во едно истражување учествувале 14 лица од целиот свет кои имаат LCA, на возраст од 6 до 38 години. Нивното слепило било предизвикано од мутации во генот RPE65 или LRAT, што довело до сериозен дефект во циклусот на ретиноидите (хемиско соединение).

Тој е еден од најважните циклуси во очната мрежница, бидејќи ја произведува молекулата наречена 11-cis retinal, која има функција да ја зафаќа светлината и да го започне видот. Пациентите со RPE65 или LRAT мутациите не ја произведуваат оваа клучна молекула, па поради тоа ретиналните ќелии не го креираат видот и полека изумираат.

По извршеното скенирање на видната кора на мозокот, тимот на научници заклучил дека има значително подобрување на активностите во мозокот кај пациентите, кај кои исто така се подобрило видното поле и бистрината.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top