Free songs
Home / нови лекови / Наскоро и црн дроб од 3Д принтер

Наскоро и црн дроб од 3Д принтер

Вештачкиот црн дроб, е првиот орган кој ќе биде испечатен на 3Д принтер, најавуваат научниците

zp-jetra 1Така, 2014 година би можела да биде пресвртница во медицинската технологија-Компанијата за биотехнологија „Органово“, која се наоѓа во Сан Диего, планира да ја користи својата технологија за печатење на човечки црн дроб.

Вештачкиот црн дроб, кој ќе биде формиран годинава, нема да биде погоден за трансплантација но може наскоро да биде користен за изучување на ефектите на лековите кои се во фаза на развој, а исто така и за начините на лекување рак.

Во франција неодамна, прв пат во историјата, успешно беше вградено вештачко срце со нови конструкции кое беше целосно автономно.

Француската компанија ЦАРМАТ креираше единствен уред, кој од другите модели на вештачко срце се разликува по тоа што не бара неговото функционирање да се контролира од надвор.

Новото срце работи речиси исто како и биолошкото.

Истовремено, руските научниците открија дека делови од раскинатиот ДНК, кој со крвотокот се шири по целото тело, можат значително да го забрзаат развојот на тумор.

Истражувањето ќе помогне да се пронајде начин за неутрализирање на опасните „шетачи“- носителите на наследството, што е суштински важно во борбата против ракот.

Кога ќелијата умира, долгите молекули од нејзиниот ДНК под дејство на ензимите се кинат на ситни делови. Тие честички влегуваат во крвотокот што значи дека можат да отидат до било кој дел од телото.

Таквите „шетачи“ ДНК, често формираат ќелии тумор, и поттикнуваат во организмот развој на неоплазма-забрзување на делењето на ќелиите на ракот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top