Free songs
Home / нови лекови / Направија „Таблетата против стареење“

Направија „Таблетата против стареење“

Неверојатна вест го обиколи светот за тоа дека научниците пронашле начин да се забави, односно одложи стареењето, и тоа ниту помалку ниту повеќе туку со таблета метформин

apce-300x199Оваа таблета моментално се користи за лечење дијабетес тип 2, а студиите предложија и заклучок како оваа „волшебна“ пилула може да спречи рак, срцеви заболувања, па дури и когнитивна дегенерација.

Таблетата веќе постои на пазарот и со години се користи за санирање на проблемите поврзани со инсулинска резистенција и шеќерна болест, а во моментот се формира нова студија која на примероци од три илјади луѓе на возрст од 70 до 80 години би требало да докаже или го негира делувањето на овој лек на текот на стареењето.

Истражувањето ќе трае до седум години и ќе чини околу 50 милиони долари. Секако, таблетата против стареење нема никогаш целосно да го одложи или спречи текот на стереењето како нормален и неминовен процес со човековиот живот, но би можела негативните ефекти на стaреење да ги направи помалку отежнувачки за нормалното секојдневно функционирање, сугерираат истражувачите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top