Home / аларм / Најстариот тумор „живее“ 11.000 години!

Најстариот тумор „живее“ 11.000 години!

Најстариот вид на карцином на светот, постои веќе 11.000 години, утврдиле британските научници

cancerОвој вид рак настанал кај едно куче и оттогаш преживува благодарение на преносот на туморските станици од едно на друго куче преку парењето.Тимот научници ја откриле ДНК-та на тој тумор, и утврдиле дека прв домаќин му бил древното куче налик на хаски. Кучето било со средна големина со кратко, рамно, сиво или црно влакно. Елизабета Мурчисон вели дека не знаат поради што овој пренослив тумор се развил токму кај тоа куче.

-Беше фасцинантно да се вратиме низ времето и да го реконструираме идентитетот на тоа древно куче, чиј геном денес се уште е жив во станиците на туморот- истакнаа научниците.

Туморот кој е проучен е многу редок и е еден од двата познати кои се полово преносливи. Двата се јавуваат кај животните.

Декодирајќи го геномот на туморот, научниците успеале да утврдат дека е стар 11.000 години. Се работи за тумор на гениталните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top