Free songs
Home / природен лек / Модар патлиџан – неверојатно што се лечи, гастритис, ишијас, реума, рак ..

Модар патлиџан – неверојатно што се лечи, гастритис, ишијас, реума, рак ..

Модриот патлиџан (Solanum melongena) има широко и разгрането стебло со височина која што достигнува и до 70 сантиметри, а го красат исклучително големи зелени листови. Плодовите од модриот патлиџан се исклучително хранливи, а се разликуваат според облиците и боите.

Најпознат и најраспространет вид е долгнавестиот модар патлиџан со темновиолетова боја. Оваа интересна билка потекнува од Индија каде што е во употреба веќе 3.000 години.modarpatlidzan-630x630

Традиционалната кинеска медицина ја признава оваа билка како одлично сретство за лечење на гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Во Нигерија пак важи за одличен лек против ишијас, мускулни грчеви и хемороиди. Во многу источни култури е многу ценет и чајот од свежа или исушена кора од модар патлиџан.

Позната е и примената на облогите од листовите од билката или месото од плодот за ублажување на воспаленијата.

Овој зеленчук е и одличен извор на витамините К, Ц, А, Б1, Б3 (ниацин), Б6 и Б9 (фолна киселина). Богат е и со минералите калиумот, калциум, фосфор, бакар и магнезиум.

Помага во контрола на дијабетесот

Веќе со векови плодовите од модриот патлиџан се познати и како одлична помош во контролата на дијабетесот. Модерните научни истражувања и потврдија дека исхраната богата со овој зеленчук му оди во прилог на регулацијата на нивото на шеќерот во крвта, а една од причините е токму високата концентрација на влакна.

Ја регулира телесната тежина

Патлиџанот е зеленчук со ниска концентрација на јагленохидрати, не содржи масти и има многу малку калории. Од друга страна пак богат е со влакна поради што придонесува за подолготрајно чувство на ситост. Според некои истражувања, хлорогеничната киселина која што е присутна во овој плод видно придонесува за намалување на масните наслаги.

Тоа се предности кои што чинат тој да биде одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми.

Ги ублажува проблемите со варењето

Горчеливите состојки во патлиџанот се заслужни за ослободување од грчевите на желудникот и останатите желудечни и цревни проблеми.

Плодовите од патлиџанот се богати со влакна кои што го штитат дигестивниот тракт и помагаат за одржување на функционалноста и здравјето на целиот дигестивен систем.
Го намалува нивото на холестеролот во крвта

Хлорогеничната киселина помага и во намалување на нивото на LDL (лошиот) холестерол како и зголемување на HDL (добриот) холестерол.

Насунинот има исто така голема важност бидејќи според тврдењата на научниците тој помага во превенција од настанок на лошиот холестерол.

Го забавува растот на туморите

Според бројни истражувања, насунинот, антиоксиданс кој што е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот.

Студија објавена во 2005-тата година во магазинот Journal of Agricultural and Food Chemistry потврдува дека насунинот делотворно го спречува процесот наречен ангиогенеза (процес на создавање на крвни садови во туморот, кој што претставува еден од клучните процеси одговорни за раст и метастазирање на туморот) и така помага за потиснување на ширењето на туморските клетки.

Според истражувањата пак на американското Министерство за земјоделство, хлорогеничната киселина која што се содржи во патлиџанот е одличен сојузник во борбата против слободните радикали кои што се причинител број еден за појава на рак.

Штити од вируси

Стручњаците потврдуваат дека модриот патлиџан, благодарение на антивирусните својства на хлорогеничната киселина, може да биде од голема корист во превенција и лечење на многубројни болести предизвикани од вируси.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top