Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Младиот кромид е чудо: Три моќни дејства на зелениот дел

Младиот кромид е чудо: Три моќни дејства на зелениот дел

Освен што помага кај настинка и крвен притисок, младиот кромид делува против воспаленија, стрес и замор…

kromid3И додека младиот кромид го поврзуваме со Велигден и со варените јајца и го јадеме сè до најзелениот дел следниот пат кога ќе се најде на вашата трпеза добро размислете дали да ги фрлите стебленцата.

Освен што помага кај настинка и крвен притисок, младиот кромид делува против воспаленија, стрес и замор. Но, освен што е ценет во исхраната младиот кромид е ефикасен и на други начини.

Воспаление на грлото

Насечете го кромидот на парчиња, а можете да додадете и изрендан ѓумбир и сол и сето тоа заедно да го ставите во платнена ќеса или крпа и да го загреете. Топлата смеса обвиткајте ја во уште една крпа и ставете ја на воспаленото подрачје (грло, дланки, грб).

Отечени нозе

Младиот кромид ставете го да се вари неколку минути. Потоа измиксајте го со блендер (ако има потерба додадете мошне малку вода) додека смесата не се претвори во паста. Со таквата паста намачкајте ги отечените делови од нозете. Овој рецепт се користи веќе стотици години и е многу ефикасен.

Растечен нос

Згмечете го кромидот и со неговиот сок натопете вата. Таквата мокра вата ставете ја на носот и подрачјето на синусите.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top