Free songs
Home / природен лек / Масло од чано дрво – силен антисептик за габи, бактерии, првут, парадентоза…

Масло од чано дрво – силен антисептик за габи, бактерии, првут, парадентоза…

Маслото од чајно дрво се добива од растение кое е добро познато по лековитите својства уште од антиката. Иако се нарекува чајно дрво, тоа нема директна врска со растенијата кои се одгледуваат за чај. Австралијците го користеле маслото од чајно дрво во текот на стотици години, за да лекуваат со него инфицирани рани. Лековитото масло е силен антисептик. Тоа е 8 пати посилно од карболовата киселина и 12 пати од фенол. Има бактерицидни, антифунгални, противовирусни и имуностимулирачки својства. Во него се содржат над 100 соединенија, како што некои од нив се уникатни и не се среќаваат во други растенија.

cajno drvo masloЧајното дрво има смирувачка, заштитна и негувачка акција. Едно од најважните антисептички и бактерицидни етерични масла со силно антибактериско дејство врз три групи микроорганизми: бактерии, габи и вируси. Се употребува кај акни, микоза, габични инфекции на ноктите на нозете, првут, осип, пародонтална болест, егзема и псоријаза, рани и гребнатинки. Покрај тоа, тоа е ефикасно при чешање од каснувања од инсекти, дури и при варичела, брадавици и други.

Етеричното масло од австралиско чајно дрво е најсилниот природен антисептик со широк спектар на дејство. Ова е исклучително комплексна супстанција која се состои од над 480 органски компоненти. Има бактерицидна, бактериостатска, противовирусна и детоксична акција. Многу е ефикасно и за бришење на лузни на кожата. Маслото од чајно дрво е силен имуностимулатор, го помага организмот во борбата против разни болести.

Ефикасно е кај настинки, поради седативиниот и експекторанс ефект. Тоа ги прочистува дишните патишта од секрети и ја ублажува состојбата. Маслото од чајно дрво се користи во медицински препарати за сите видови на болести на респираторниот систем како настинки, акутни респираторни и вирусни заболувања.

Чајното масло е соодветно за терапија на рани, убоди, загнојувања и изгореници, бидејќи има дезинфицирачки својства. Помага и за брзо обновување на кожата и заздравување на раните.

Маслото од чајно дрво се додава во сите видови козметички средства, како креми, лосиони, шампони, гелови и емулзии.

Маслото е ефикасно и при отстранување на првут. Се користи за козметички дефекти на кожата како жуљеви, брадавици или акни. Освен тоа се намалува напнатоста и анксиозноста, ја подобрува работоспособноста и фаворизира концентрација.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top