Free songs
Home / природен лек / Масло од арган: за лице, коса, против стареење

Масло од арган: за лице, коса, против стареење

Се добива од оревот на плодот од дрвото Арган кое вирее само во Мароко и како ендемски вид е многу редок.

arganПостојат тврдења за корисните ефекти врз здравјето: истражувачите откриле дека секојдневното консумирање на ова масло е важен фактор :

-за спречување на разни видови на рак

-за кардиоваскуларни заболувања

-лекување на дебелината

-намалување на штетниот холестерол

-намалување на триглицеридите во крвта.

Традиционално се користи во третмани за кожни болести и како козметичко средство за разубавување на кожата и косата:

-врши хидратација на кожата

-ги лекува младешките акни

-ги избелува темните дамки на лицето

-ја негува косата

Маслото од арган за козметички цели

  • Маслото од арган има силно дејство против стареење. Благодарение на масните киселини што ги содржи (најмногу линоленова), ја навлажнува кожата и е моќен антиоксидант. Ги забавува процесите на стареење на кожата, ја рехабилитира по сушење и ја штити од надворешни влијанија.
  • Сапонините содржани во маслото ја одржуваат кожата мазна и мека, а стеролините спречуваат воспаленија и егземи.
  • Помага да се добие бронзен тен и затоа е честа состојка во средствата за заштита од сонце и производите за нега на кожата по изложување на сончеви зраци.
  • Ги смирува акните и чувствителната кожа.
  • Ја зајакнува косата на тој начин што ја одржува влажноста и еластичноста, го потхранува скалпот и го спречува кинењето и пукањето на влакното. Освен тоа, ѝ дава сјај и волумен.
  • Ги јакне ноктите и спречува кршење.

Како да се користи за разубавување?

Најбрз начин е да се користат некои од козметичките средства што го содржат „мароканското злато“. Чистото масло од арган може да се користи за кожата и косата на следниот начин:

  • Против брчки. Пред легнување измијте го лицето. На раката ставете масло од арган, растријте го со двете раце и нанесете го на кожата на лицето, вратот и деколтето со лесно масирање. Размачкајте го потоа насекаде на рацете и добро истријте ги ноктите.
  • За здрава и блескава коса. На чиста коса нанесете го маслото со раце. За подлабоко потхранување намачкајте го скалпот и косата по должината со маслото, завиткајте ја главата со најлон или специјална капа и оставете да отстои 15-20 минути, по што ќе ја измиете.

Маслото и производи што го содржат можат да се најдат и на нашиот пазар.

popara.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top