Home / нови лекови / Македонци пред револуционерно откритие – ќе го забават стареењето на кожата

Македонци пред револуционерно откритие – ќе го забават стареењето на кожата

Триесет и шестгодишниот доктор на хемиски науки Проф – Рубин Гулабоски и 33 годишниот доктор на медицински науки Иван Богески од Прилеп, сметаат дека се пред огромно откритие – како да се забави процесот на стареење на кожата. Со двајца германски научници тие патентирале дериват на познатиот „Коензим Ку 10“ објави vostip.mk

Проф – Рубин Гулабоски објаснува дека е тоа нов витамин.

1466068_10152747493346988_1951304252_n-620x350– Синтетизиравме дериват на познатиот коензим Ку 10. Тој е еден од најпознатите природни антиоксиданси кој ја штити кожата од влијанието на штетните честички – реактивните радикали, одговорни за стареењето на кожата и за канцерогени заболувања, појасни Гулабоски и прецизира оти соединението што го пронашле има својство да ги лови тие радикали, да ги уништува и повторно само да се обновува.

Откритието е патентирано во Бирото за патенти во Германија, каде две години работеле прилепчаните Рубин и Иван заедно со двајца професори- биохемичар и физичар. Германското биро е соптвеник на авторските права кое со 300 илјади евра го публикувало откритието.

stareenje-na-kozata-450– Работевме на овој патент две години, тајно. Прво работевме друго, но кога видовме колку е битно ова соединение, навистина работевме тајно за до него да не стигнат други конкурентски куќи или факултети. Практична примена има во фармацевтската индустрија, во фармацевтските препарати, за кремови за заштита на кожата, а се испитува да се примени во форма на таблети и сирупи ефикасни против одредени канцерогени заболувања на кожата, вели Проф-Гулабоски.

Тој е убеден дека ова може да биде револуција во забавувањето на процесот на стареење.

– Малку се знае за напорната работа на научниците. Како нас ги има многу во светот но тешко се стигнува до јавноста, до можност некој да се заинтересира за нашите истражувања, додава младиот доктор на хемиски науки  Рубин.

vostip.mk

rubin-gulaboski-450

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top