Free songs
Home / природен лек / ЛИСТОВИ ОД ЛОВОР ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО ВАРЕЊЕ, АКНИ, ЗАБИ

ЛИСТОВИ ОД ЛОВОР ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО ВАРЕЊЕ, АКНИ, ЗАБИ

Најчесто го ставаат во јадења затоа што така пишува во рецептот. Но, никој не се жали бидејќи освен аромата, тој го подобрува варењето и помага во исфрлање на насобраните гасови во цревата. Понекогаш се користи и како средство за искашлување и против ревматизам.

Вечно зелено дрво со мирисливи листови што се употребуваат како зачин.

lovor 620 x 400Ловоровиот лист потекнува од медитеранските земји и има ароматичен мирис. Заради тоа често се употребува како зачин во јадења со месо, супи, чорби. Ловорот ја намалува стомачната надуеност и непријатниот мирис на телото. Ловорот го одбива инсектите, така што добро е да го ставите во садовите со брашно.

Ловоровиот лист  е одличен народен лек за повредени тетиви, исчашувања, реума, истегнувања на мускулатурата како и кај парализираност за масажа.

Тој содржи 1- 3 отсто етерско масло, горски материи и танини. Во народната медицина, ловоровиот лист сечупотребува и како мирис, но и за масла и мелеми. Тој најчесто дејствува како спазмолитик и го подобрува варењето на храната, а се употребува и кај метеоризам и хипертонија.

против грип и хроничен бронхитис.

5-6 ловорови лисја, две кришки лимон се варат пет минути со 400 мл врела вода. Сето тоа стои поклопено 15 мин, се цеди и се пијат три чаши дневно.

против акни.

Околу десет листа ловоров лист се попаруваат со една чаша врела вода,смесата стои така поклопена  дваесетина минути.Потоа се земаат две супени лажици од чајот и им се додаваат уште две лажици сок од свежа краставица.Со оваа мешавина се мачка лицето и така стои 15 минути, по што се мие со преостанатиот чај.

за здрави заби.

секое утро пред да ги миете забите џвакајте 2-3 минути свеж лист од ловор.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top